Никој не купува музика

Во првите 6 месеци од 2014-та продажбата на музика, физички албуми и дигитални симнувања, е намалена за неочекувана двоцифрена разлика во однос 2013-та.

Nielsen SoundScan објави податоци во средата, според кој продажбата на албуми во сите формати е падната за 15%, со продажба на околу 121 милион, наспроти 143 милиони продадени албуми со првите 6 месеци од 2013-та.

За перспектива, пред 18 месеци, албумот на Адел "21" ја заврши годината (2012-та) со продажба од 10 милиони примероци, успех кој е многу веројатно дека индустријата нема повторно да го види.

Што се однесува до дигиталните симнувања на сите платформи, продажбата е намалена за 13% или 593,6 милиони годинава наспроти 682,2 милиони за истиот период во 2013-та.

Сегмент кој бележи раст е онлајн стримингот на музика, кој порасна за 42% од 49,5 милиони на 70,3 милиони стримувања. Ова го предизвикува и најголемиот гнев во индустријата бидејќи заработката од стримувањето е само делче од она што се заработува од продажбата (албуми и дигитално).

Друг сегмент кој е во плус годинава е продажбата на плочи, која и покрај растот од 40% е неспоредливо мала со останатите извори на приходи. Годинава се продадени 4 милиони плочи, а најпродавана е "Lazaretto" на Џек Вајт со тираж од 49.000 примероци.

За годинава најдобро продаван албум е музиката од цртаниот "Frozen," кој продаде 2,7 милиони примероци. Од останатите бројки најсимнувана песна е "Happy" од Фарел Вилијамс, со продадени 5,6 милиони примероци. "Dark Horse" на Кејти Пери е најстримувана песна, 188 милиони пати, а "Happy" е и најпуштана песна на терестријалните радио станици во САД, со 571.000 вртења.

Инфографик за тоа колку заработуваат музичарите од онлајн продажба:

5 јули 2014 - 12:00