Режисерот што се сети да лови згодни девојки сред натпревар

Кадрите обично се користат за разигрување на преносот од досаден натпревар кога ништо не се случува на теренот, а целата работа е идеја на долгогодишен режисер на спортски преноси, на кој одамна му беше преку глава од спорт.

Човекот е Енди Сидарис, режисер на ЕјБиСи кој во 2003-та, скромно изјави: "Јас сум најдобриот телевизиски режисер што некогаш живеел." 24-години е одговорен за преносите на Олимписките игри, а помага во развивањето на денес стандардни технологии како вратена снимка, забавена снимка и делење на екранот.

Сето ова му е работа, опсесија му е барање на убави жени на трибините. Меракот го објаснува во еден документарец за тоа како ЕјБиСи ги врши преносите од колеџ фудбалот, каде изјавува: "Јас сум непристоен старец."

"Кога ќе видиш едно туркање (зборува за huddle во американски фудбал) сите си ги видел. Па или ќе гледаш во пуканките, или во мажите, или во девојките. За мене изборот е очигледен," изјави Сидарис своевремено во едно интервју за Лос Анџелес Магазин.

Откако го воспоставува прикажувањето убави девојки како стандард (honey shots), кон крајот на 80-те Сидарис ја напушта телевизијата и почнува да ја следи својата вистинска пасија - режирање Б-класа филмови со бујни плејбој модели кои сакаат да станат актерки.

Сидарис почина во 2007-ма.

На тема девојки од трибините, клик.

 

10 јули 2014 - 10:11