Извесен Зек Браун бил сосема скромен кога го пријавил "проектот" на Кикстартер.
Решил да прави компир салата и за тоа требало да собере 10 долари.
"Не очекувајте премногу, бидејќи не ни знам каква салата ќе испадне бидејќи немам искуство во ова," напиша Браун.
Интернетот го сослуша и за еден викенд собра 5.000 долари од 850 поддржувачи.
Гледајќи дека му оди фантастично добро, истиот понуди апгрејд на идејата: компир салата "за цел интернет" (која ќе може да се проба на неговиот факс). За еден долар добивате "фала" а за 20 долари, хаику на тема компир салата напишана од Браун како и тегла мајонез со негов автограм.
Како и секој на кој неочекувано му упалува среќа, и тој малку забега во проценката на ситуацијата:
"Можеби сме различни, но компир салатата нè обедини," напиша Браун.