Мажи, што ќе правите до 39, тоа е

Нова разорувачка студија тврди дека како што мажите се приближуваат кон 40-та, така стануваат се поневидливи за помладите жени. Олеснителна околност е што студијата е спроведена од клиника за трансплантација за коса, "па мислам дека знаеме каде води ова."

Комплетната "невидливост" мажите ја постигнуваат на 39 години, истата возраст на која денес се Дејвид Бекам, Леонардо Ди Каприо, Бредли Купер и Расел Бренд.

Според студијата на Crown Clinic од Манчестер 52% од испитаниците веруваат дека мажите ја губат својата привлечност како што се приближуваат до 40-та, а сите што се над оваа граница е поверојатно да ги сметаат за татковска фигура отколку за секс симбол. (На пример татко ти Хју Џекмен.)

Како врвен доказ за ова е што 54% изјавиле дека мажите на оваа возраст многу помалку влегуваат во контакт со жени. Други знаци за непривлечноста се обелување на косата, подбрадок, послаба коса и лоши заби.

"Никогаш не сум слушнала вакви глупости. Сексуалната привлечност никогаш не е само околу изгледот - и изгледот не исчезнува одеднаш на 39. Привлечноста повеќе зависи од ставот и самодовербата и интелигенцијата и духовитоста и шармот и, потсвесно, плодноста (негова)," објаснува Биби Линч во текстот за Телеграф, во кој признава дека единствена работа што ја радува околу студијата е што сега има некој што ќе ги замара и мажите по основа на годините.

10 јули 2014 - 14:50