На кожата ѝ се стемнува од сонце

Во проектот "Ултравиолетови убавини" бруклинската фотографка Кара Филипс покажува колку штетна за кожата може да биде претераната изложеност на сонце.

Била инспирирана од медицински портрети кои ги гледала по дерматолошки ординации а за серијата користела случајни луѓе од Њујорк.

Нејзиниот фото прроект не е медицинска студија но сериозно укажува на тоа што се случува под површината, кога човечката кожа претерано е изложена на сонце.

Во такви случаи, меланинот, пигментот кој се наоѓа во кожата почнува да се групира. Оттука и сончевите дамки, брчките и други оштетувања.

"Кога ќе видите човек со многу кафеави дамки, тоа е знак на голема оштетеност на кожата во која може да се развие и рак," вели еден дерматолог од Мајами.

При тоа, најчувствителни се оние со светла кожа и коса.

Сликани под ултравиолетово светло, лицата на оние кои претеруваат со сончање изгледаат вака:

4 јули 2014 - 21:10