Живот и забава

Што погрешно научивме на школо?

Нека не ви е криво што како мали ве учеле дека „Тито сите нè гледа“ или дека партизаните се тепале со балистите. Тоа само значи дека сте стари. Оттогаш не издржа ни Плутон, а не па Тито или историските лекции. Седум некогашни факти што веќе не се тоа.

И вибраторот ве шпионира

А вие се секиравте за вашиот смартфон, камера од лаптоп, микрофон од телевизор.... Одиме подлабоко: произведувач на вибратори од Канада ќе треба да плати милионска отштета на темава, што во случајов е доста специфична - кхм - пенетрација во приватноста.

Зошто јапонските деца сами одат на школо?

Дефне и Вљубениот ерген? Ѕвездички на Пинк? Не, во една од најпопуларните детски емисии во Јапонија се праќаат деца до самопослуга по леб и млеко.

Зошто јапонските деца сами одат на школо?

Дефне и Вљубениот ерген? Ѕвездички на Пинк? Не, една од најпопуларните детски емисии во Јапонија се вика „Мојата прва задача“. И во неа се праќаат деца до самопослуга по леб и млеко.

Од кое по ред срце умре Рокфелер?

Во цветот на староста, на 101-годишна возраст почина Пантелија од фамилијата Рокфелер. Починал мирно, во сон, од срце. Но кое по ред трансплантирано срце било тоа?

Миленко О'Нил: Земјата е рамна!

Кошаркарската легенда Шекил О'Нил се придружи на шарената групација стручњаци и интелектуални бардови што не веруваат дека Земјата е тркалезна. Аргументацијата му е генијална: Возел тој од еден до друг брег и сè му било рамно!

Џони, би гуд

Бидејќи ние за некои луѓе не пишуваме само кога ќе умрат, ќе повториме што напишавме за него кога беше жив: „Чак Бери е човекот од кого почна сè, ама апсолутно сè од она што денес го знаеме како рокенрол музика и нејзините мал милион деривати. А токму рифовите од неговата Johnny B. Goode сe оние кои ja дефлорираа музиката, ѝ ја одземаа дотогашната невиност и неповратно ја направија дрска и секси.

Алкохол вс. диета

И покрај примерот што го дава силуетата на безбројни хронични алкохоличари, алкохолот е широкоградо забрануван во речиси секоја можна диета, а и таму каде што е дозволен тоа обично е во епски квоти од - една чаша вино неделно.

И желбите сити и семејството на број

Го пишуваме ова полека, да не побркаме нешто во веста како што ни е во главата: мајка и син ќе станат татко и ќерка.  

Рускиот хакер за чија глава ФБИ дава 3 милиони долари

За дојава која ќе води до апсење на Евгениј Богачев ФБИ ја понуди досега најголемата награда за сајбер криминал (за Караџиќ и Младиќ беа понудени 5 милиони). А типот е како да е излезен од роман на Иан Флеминг.

Запросување од три години

Цели три години, малку по малку, го подготвувал запросувањето на девојката со која сакал да се ожени. Индипендент вика дека се исплатело. Ние мислиме дека нема везе. Мечка ќе родеше за тоа време.

Адолф Хитлер како Тони Монтанa

Во 1944 година било веќе јасно на каде оди војната и се гледале контурите на германскиот пораз. Но, на брифинзите Хитлер пукал од оптимизам а генералите се прашувале кое ли е неговото тајно оружје.

Брзај, брзај прваче на час по програмирање и лажни вести

Шведските деца уште во првата година во основно училиште ќе почнат да учат програмирање, како дел од напредните "аспекти за дигитална компетентност" додадени во наставната програма.

Ударничкото спасување на Форд

Американските автомобилски гиганти ГМ и Крајслер своевремено се спасија со финаниска инјекција од државата. Форд со запнување: ударнички, прекувремено, без пари.

Политичарката што сака да воведе 100 долари казна за мажи што мастурбираат

Предлогот законот стварно постои и е поднесен, ама поентата не му е да казнува туку да привлече внимание кон друг проблем.

Кога не треба да се слуша народ

Денес само се знае дека на Американците им успева да стапнат на Месечината пред Советите. Тоа што се избриша од знаење е масовната осуда и скептичност на јавноста, политичарите и Ајзенхауер околу целиот проект.

Очите нè направија луѓе

Судбоносната миграција од вода на копно била направена благодарејќи на очите, а не на нозете, тврдат двајца научници. Според нив дури откако прогледале далеку, нашите акватички предци решиле дека треба да почнат да растат нозе.

Рецепт за претерување

Управата на еден американски медицински центар неодамна дошла до едноставна идеја: што ако на своите хирурзи им сугерираат колку аналгетици да препишуваат за секој тип на операција. Резултатите испаднале драматични

Универзитет кој дава пари за кршење на правилата

Звучи премногу добро да би било вистинито, ама е. Универзитет од самиот врв на американското образование, бостонскиот МИТ, понуди мрсна награда во кеш за поединец или група кои ќе ги прекршат правилата. Спојлер за сите што одма видоа лесни пари - има еден трик тука.  

Ќути и жали се

Дел од студентска организација на еден факултет добила забрана за јавно искажување на своите ставови. Откако овие се пожалиле дека имаат проблем со јавното искажување на своите ставови. 

Најчести грешки во 40.000 CV-a

Се разбира, на Никола Тесла или Стив Џобс никогаш не им било потребно да напишат CV. А сега, прашајте се дали сте вие новиот Тесла или Џобс. Ако не сте, тогаш елајте.

Како да се лечиме, според Меланија Трамп

„Верувам дека природните елементи можат да бидат инструменти во подобрувањето на здравјето и доброто на децата“, со сиот свој медицински и научен авторитет им порача најпознатата Словенка на група американски педијатри и пациенти.

Не купувајте пилешки стекови со онакви, бели

На фотографијава имате три доста слични пилешки стека. Кој од нив би го купиле?