Британскиот Мекмилан е центар за поддршка на луѓе со рак чии луѓе во последниве 10 години им помогнале на преку 5 милиони луѓе дијагностицирани со оваа заебана болест. И токму тие апармираат: односот кон болеста и луѓето кои ја имаат е погрешен.
Сите се фокусирани на евентуално наоѓање лек за болеста. А ракот не е една болест. Тој е хетероген здравствен проблем и малку е веројатно дека ќе се најде универзален лек за сите негови видови и подвидови. Во меѓувреме, сите оние кои го имаат се забораваат дека се живи луѓе, со свои потреби, свои стравови... Сè е насочено кон одредувањето терапија.
Наодите на студијата на Макмилан велат дека за еден поединец во Британија е поверојатно да добие дијагноза на рак отколку да се венча или да го добие своето прво дете. Еден од двајца луѓе во текот на својот живот ќе се соочат со таа дијагноза со што ракот, заедно со бракот, родителството, пензионирањето или умирањето на родител, станува „вообичаена животна случка“.
„На почетокот главно само жалев што не постои ефикасна терапија. Денес главна преокупација ми е прецизно да ги одберам опциите кои ни се на располагање. Се разбира, не сите терапии даваат зачудувачки резултати, нивната токсичност останува неприфатлива, цените ни ги врзуваат рацете па успехот главно го постигнуваме кај богатите. Овие проблеми допрва треба да се решаваат но тие не ги бришат сè подобрите резултати во третманот. Тие резултати секојдневно ги гледам на лицата на болните и тивко им заблагодарувам на незнајните истражувачи кои ни го овозможуваат тоа“, вели онкологот и наградуван британски автор Ранџана Шривастана.
Според неа, делот во кој медицинските служби поврзани со ракот најмногу заостануваат е способноста да ги видат потребите на човекот кој им е скриен во пациентот. Постојат и други болести за кои не постојат изгледни третмани и имаат и полоши шанси за преживување ама ракот предизвикува шок како ниедна друга.
А обично, сценариото се сведува на неколку реплики:
- Имате рак.
- Ќе умрам ли?
- Не може да се каже тоа.
Пациентот не очекува од докторот да биде гатач. Но очекува да наиде на некој кој ќе го увери дека ќе биде со него во текот на целата борба во која хемотерапијата е само еден дел. Да има крај себе некој што не само е компетентен туку и човечен.
Очекува да не биде гледан како тумор.
Како што ракот е хетероген, такви се и пациентите. Спортските типови инсистираат терапијата да не им ги оштети нервните завршетоци за да можат да бидат физички активни. Кај топ менаџерите пак, една од главните секирации им е да не им падне косата, за околината да не забележи. Потребно е многу трпение, желба и пред се обука за службите да бидат свесни за овие човечки димензии на нивните „муштерии“.
Доктор Шривастана пренесува еден вообичаен детал од својот оддел за онкологија:
„Пациентот ми доцнеше заради немањето доволно колички. Додека го чекав, излегов да видам што се случува во одделот. Го видов мојот последен пациент во столчето за хемотерапија. Физиолошкиот раствор влегуваше во неговата вена. Чувството на гадење му го снема, болката му неше смирена, солзите беа заменети со спокоен сон. Дојде сестрата и заедно го гледавме, горди што сме му ја решиле кризата.
- Што му стави? - ја прашав тивко.
- Ништо, обичен физиолошки раствор. Само требаше некој да му каже дека ќе биде добро и дека е во сигурни раце“, ми одговори таа“.