Таг: хуманост

Олимписка вицешампионка го продала медалот за да собере средства за операција за бебе

Големи натпреварувања раѓаат и големи херои. Таква е сторијата за една полска олимпијка која докажала колку човекот може да биде голем кога е најтешко.

Ѕвездата на Милан кој им покрил долгови на луѓето од својот роден крај

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ е јунак на годината во својата земја, откако прво ги подмирил сите долгови на мештаните од неговото родно село, а сега донирал 10.000 евра за изградба на нов објект за рехабилитација на деца.

Дончиќ собрал 2,2 милиони долари за болно дете, па го победи идолот Леброн

Лука во моментов е најатрактивен кошаркар во најдобрата светска лига. Синоќа одново ја загреа глобалната сцена со дуел 1 на 1 против Леброн Џејмс на мечот Маверикс - ЛА Лејкерс кој неговиот Далас го доби 114:100. Но пред мечот Лука направи едно прекрасно дело.

Имаме повеќе шанси да добиеме рак отколку да стапиме во брак

Точно е дека ваквиот наслов е мешање баби и жаби. Но, вистинит е и открива шокантна реалност која треба да разбуди некого, пред се докторите,  медицинските служби и општеството. За да им текне дека човек кој има рак е сепак човек. А не рак.

Волонтирам - значи глупа сум?

Ме исповреѓаа зошто сум волонтерка со бегалциве, ме исплукаа што таму поминав Нова година, а заборавија дека не е срамота да помагаш во услови кога во мирнодопска Македонија и самиот стануваш бегалец и емигрант некаде далеку од дома, затскривајќи се зад бугарски пасош, дебело платен да се пишеш "Ас сам Блгарин".

Раце за Ива дадоа, не се исушија

А, вие кои ме прашавте на мејл дали е Ива циганка, подобри ли луѓе станавте?

Една минута професионален фудбалер

Сиетл Саундерс и Тотенхем одиграа пријателски меч, но исходот од средбата оди во втор план. Домаќините имаа специјално засилување и во тоа во првиот тим. Се работи за 18 годишниот Сендер Бејли кој боледува од цистична фиброза и има само една желба, а тоа е да стане професионален фудбал.

Хуманоста и фер плејот

Емотивно видео со хуманиот дел во спортот и некои фер плеј потези кои се за пример. Меѓу актерите покрај атлетичари, боксери и тенисери ги има и Роналдо, Роналдињо, Пујол, Ди Канио, Кан...

ПОДАРИ ЖИВОТ

Мојот занает е најстар - рече самозадоволно хирургот, бидејќи е од моментот кога Господ го заспа Адама, и му го извади реброто за да ја создаде Ева.

Грешиш... се јави економистот. Пред таа операција што ја спомнуваш, Господ го создаваше светот, создаваше капитал и затоа велам нашиот занает е постар.

Не грешете душа... се огласи теологот. Па нашиот занает постои од кога постои и Бог, а Тој постои и пред создавањето, и пред операцијата.

А нели пред постоењето на Бога постоел само хаосот? - праша политичарот. А кој друг можеше да го создаде хаосот, ако не ние политичарите?