Колку чини да живееш во Лондон?

Британската престолнина редовно е високо рангирана на листите за најдобри градови за живеење во светот, додека во исто време подеднакво редовна е и на списоците на најскапите градови на светот.

Вајс разговара со Арон Кристијан, кој е роден во Лондон, живее во Лондон, работи во Лондон, ама не планира да купи стан или куќа во Лондон.

32-годишниот Кристијан е режисер на реклами и содржини, со годишни приходи до 44.400 евра. Моментално живее со вереницата во 2-собен стан под кирија во источен Лондон, за кој плаќа 1.550 евра месечно.

Сметката за двајцата за супермаркет изнесува 66 евра неделно, плус на ова е два пати месечно одење во месарница  каде што трошат околу 60 евра месечно.

Кафе за носење плаќа околу 3 евра, а секаде низ град, на работа, на состаноци, се движи со јавен превоз (метро) за кој месечно плаќа скоро 90 евра.

Во кино обично оди кога картите се на попуст (понеделник и среда) и можат да се купат за 5 евра. Ако отиде во кино со девојка му во регуларна вечер, пресметката е: 15 евра влезница (30 за двајцата), 13 евра за паркинг за околу 2 часа, и околу 16 евра за пуканки и слично, или вкупно 59 евра.

Околу останатите детали (точено пиво е 5 евра):

 

14 септември 2017 - 11:08