Вести

Форин Полиси: Трамп ја губи војната во Иран

Иранската стратегија отсекогаш го почитувала фактот дека на чисто воено поле, не можат да ги победат САД и Израел. Но, на Техеран му беше јасно дека негов адут е способноста да ја запалат чергата и да нанесат сериозна економска главоболка во врска со цените на нафтата, гасот и другите суровини. Како ли Трамп поверува дека Иран е само уште една Венецуела?

Светот е во епидемија на осаменост

Речиси секој шести човек во светот се чувствува осамено, а повеќе од 870.000 смртни случаи годишно се поврзани со тоа, велат податоците на Светската здравствена организација. Познавачите велат дека епотребно да се прави разлика меѓу самотијата и осаменоста. Човек може да биде опкружен со куп луѓе а сепак да се чувствува осамен. Особено на социјални медиуми.

САД ќе кратат од здравството за да ја платат војната во Иран

Републиканците подготвуваат амбициозен буџетски проект кој можеби ќе тежи и 200 милијарди долари за да се плати воената екскурзија на Трамп во Иран и амбициозните и скапи имигрантски политики. Ама, не стасуваат пари ако од некаде не се скратат. Загледани се во 30 милијарди долари од здравството.

Речник

Хегсет пробал да инвестира пари во фонд кој зависи од Пентагон

Личниот брокер на американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, во февруари оваа година контактирал со „БлекРок“ за трансфер на мултимилионска инвестиција во нивен менаџерски фонд од воената индустрија. Во фондот удел имаат компании чиј главен клиент е Пентагон. „Криминалци. Од прв до последен,“ коментира еден професор по право. 

БиБиСи против кучињата

Во време кога беснее глобално опасната војна во Ирак и Блискиот исток а енергетската криза допрва фаќа нагорна спирала, британскиот јавен бродкастер реши дека тема која треба прописно да ја покрие се кучињата односно дали на четвороножните човекови пријатели им се допушта премногу јавен простор. Некои тврдат дека и ова е сигнал за растечкото влијание на исламот на островот.

Кина брзо ги престигнува САД како светска научна суперсила

Доналд Трамп и неговата администрација „ја среди“ науката со булдожер: избриша повеќе од 7.800 грантови за истражување, намали 25.000 научници од владини агенции и најави десетици милијарди долари дополнителни намалувања на научните средства. Тоа лесно би можело да се врати како бумеранг а веќе постојат рани знаци.

На Клуни му се станува претседател?

Џорџ Клуни беше една од најупадливите личности кои беа дел од притисокот врз Бајден да се повлече од претседателската трка, и тоа само неколку седмици откако на истиот тој Бајден му ја организираше една од најважните вечери за собирање пари за кампањата на која беа донирани рекордни 28 милиони долари.

Вечна литиумска батерија

Батерија која не може да работи цела вечност (ништо не е вечно) но сигурно може да го надживее сопственикот е нов изум на кинески научници. После година дена работа и 1.400 циклуси полнења и празнења, немало ни најмало намалување на капацитетот. Само што има еден услов: да работи на минус дваесет степени и да се полни малку.

Манчестер, банкрот, банкрот

Манчестер, фудбал, пабови, пиво. Во таква еко-средина дечко од Манчестер помислил дека има победничка идеја за нешто ново - да отвори безалкохолен паб. Ене го, затвора дуќан. Во иднина ќе држел безалкохолни поп-ап шанкови по венчавки. Немој некој да го излажал дека на наши венчавки пари би намлатил со таа идеја. 

Малку зорт и одма го заборавивте Моетот

Конгломератот ЛВМХ се пожали дека годинава заради општата депресија што владее во светот нивниот бизнис со вино и шампањ во првите 6 месеци паднал за 12%. Заработил 1,52 милијарди долари, ама тоа е помалку отколку лани.

Луизијана ќе може хируршки да кастрира педофили

Законот неодамна предложен од републиканскиот гувернер Џеф Ландри деновиве стапи на сила со што американската држава Луизијана стана првата сојузна држава во САД која ќе може да ги казнува осудените педофили со хируршка кастрација. Се надеваат дека ваква казна ќе обесхрабрува ваков тип сексуални предатори.

Зошто Вадим Красиков му беше толку важен на Путин

Запад и Русија ја изведоа најголемата размена на затвореници по завршувањето на Студената војна. Иако Путин во минатото често инсистираше на паритетна размена, глава за глава, овојпат даде шеснаесет луѓе за да добие осум. До ваквата размена немаше да дојде ако во пакетот не беше вклучен Вадим Красиков.  

Меркур, татковина на дијамантите

Меркур е најмалата (откако го дисквалификуваа кутар Плутон) и најблиската планета до Сонцето во нашиот планетарен систем, но преку ноќ стана интересен откако научници сугерираа дека под неговата површина има огромен, повеќекилометарски слој дијаманти. Ок, не дека е баш блиску до нас (77 милиони километри) и не е дека е баш пријатно место за копање (430 целзиусови степени).

Преку Убер, Европа ќе се полни со кинески електрични коли

Компанијата за приватно таксирање Убер и кинескиот автомобилски гигант BYD планираат партнерство со кое ќе се распоредат 100.000 електрични возила на Кинезите во Европа и Латинска Америка. Кинезите нудат поволности околу цените, осигурувањето и финансирањето а почнаа да отвораат фабрики ширум светот.

Дали Америка би размислила да го елиминира Путин?

Да не излезе дека и таа опција не е разгледана, американскиот Форин полиси на широко ја расправа темата за смена на Путин по основа на негово убиство, и кој и како би можел да донесе демократија во земјата само прво да го убие рускиот претседател.

Стотици Словенци бараат отштета заради ковид вакцинацијата

Преку 200 барање за отштета има добиено словенечкото министерство за здравство заради последици предизвикани од примањето ковид вакцина. Има и смртни случаи и случаи на сериозно или трајно нарушување на животни функции а досега исплатените отштети се движат меѓу 20.000 ии 60.000 евра. 

Макрон спискал 500.000 евра за да направи вечера за Чарлс

Елисејската палата минатата фискална година ја завршува со еден од најголемите минуси, затоа што Макрон решил да потроши нешто помалку од половина милион евра на вечерата за британскиот крал.

Каде се златните резерви на Аргентина?

4,5 милијарди долари во злато што беа во резервите на Централната банка на Аргентина, веќе не се таму. И не само што не се таму туку никој не знае / не кажува каде се.

ЕУ се подготвува за трговска војна со Трамп

Брисел веќе прави стратегија како ќе одговори ако се остварат најавите на Трамп за заштита на американската економија со давачки на увозните проиводи од ЕУ. Не им е сефте. Во првиот мандат Трамп удри по европскиот челик а овие вратија онаму каде што најмногу ги боли неговите гласачи: бурбон, Харли Девидсон и говедско.

Украина до ноември ќе претстави акциски план за мир

По глобалниот самит што го организираше во јуни во Швајцарија, Украина, конкретно Зеленски, најави дека до ноември ќе имаат и акциски план како да се стигне до мирот.

Пак ќе пробаат да го скинат Трамп до ноември?

Оние што веруваат дека атентатот на Трамп не е дело на осамен лудак туку-така качен на покрив со пушка, убедени се дека моќните структури кои го извеле тоа, нема да се откажат после првиот неуспех. Особено што стигна и писмо од свиркач, контра-снајперист, кој го тврди истото и вели дека ќе алармира додека не бидaт сменети сите негови претпоставени.

Наследникот на Ермес не знае каде му се 13 милијарди долари

Истиот 80-годишник кој минатата година се прослави по најавата дека сите пари ќе му ги остави на својот градинар, сега излезе дека нема да има нешто многу пари за оставање.

Олимписките камермани укорени за непристојни снимки

Жените што учествуваат на Олимпијадата во Париз се „елитни спортисти“ кои камерманите треба да ги кадрираат на ист начин како и мажите, порачал директорот на комплетниот пренос од ОИ 2024.

Гувернерот на Калифорнија ѝ објави војната на сатирата

Видео склопено со вештачка интелигенција кое беше очигледна пародија на Камала Харис толку го разбесни калифорнискиот гувернер Гавин Њусам што веднаш најави закони со кои ќе се осигура дека не може тоа така. Првиот човек на некогаш најдобрата американска држава очигледно не верува дека неговите граѓани можат да разликуваат реалност од очигледна фикција без помош на цензура.

Калифорнија почна да се чисти?

Гувернерот на Калифорнија им нареди на агенциите на сојузната држава да почнат со отстранување на населбите на бездомници на државно земјиште, откако Врховниот суд на САД им дозволи на градовите да ја спроведат забраната за спиење на отворено на јавен простор.

Дали малку гадно ќе те спречи да ја спасиш планетата?

Само 13% од испитаниците изјавиле дека се подготвени редовно да јадат оброци со инсекти, кои во последно време се натураат како еден од столбовите за спас од глобалното затоплување. И тоа мора да се поправи во име на климатските промени, не инсектите, туку вашето гадење од нив.

Британија забрани блокатори на пубертет

Забраната за блокатори на пубертет воведена од претходната британска влада со помош на вонредни овластувања е законска, одлучи британскиот Висок суд, со што речиси ја запечати важноста на забраната.

Прашањето што го куртули Ферари од дипфејк измама

Сред работна недела директор на Ферари почнува да добива еден куп неочекувани пораки, и сите изгледаат како да доаѓаат од ЦЕО-то на компанијата кој нема врска со тоа.

Во јужна Европа ќе се живее најдолго

Познато е дека дека здравјето и долгиот живот се во тесна врска со БДП по глава на жител онаму каде што се живее. Но, проекции за очекуваниот животен век на средината на овој век велат дека просечниот животен век во Шпанија ќе биде подолг од оној во далеку побогатата Данска. Исхраната и движењето се битни, но не се сè. Шпанците ги држи (долго) во живот и тоа што се дружат и смеат, макар седеле и јаделе чипс. 

Има ќар и од две недели детокс од социјални мрежи

Две недели детоксикација од социјални мрежи успеала да ја намали зависноста од смартфони и социјални медиуми, додека во исто време го подобрила физичкото, менталното и општествено здравје кај младите лица.