Општа чистка на службеници во Министерството за здравство на САД

Од десетици илјади здравствени работници во Америка е побарано до петок самите да дадат отказ. Министерот Кенеди би ги отпуштил сите. Директивата на претседателот Трамп за кастрење на јавни службеници е јасна: Подобро е да кратат министрите. Ако не можат, ќе скрати Илон Маск.

Речиси сите службеници во Министерството за здравство на САД се повикани доброволно да дадат отказ. Во петокот биле испратени мeјлови до близу 80.000 службеници од Министерството, вклучувајќи ги оние од Центрите за контрола и превенција на болести, од Администрацијата за храна и лекови и од програмите за здравствена заштита. Понудена им е отпремнина до 25.000 долари. Последниот рок да одговорат е крајот на работната недела.

Целта е спроведување на директивата на претседателот Доналд Трамп за кратење на федералните трошоци. Тој ги повика министрите да побрзаат со исфрлањето на непотребните службеници, за да не мора тоа да го прави Илон Маск, шефот на Одделението за владина ефикасност.

Со буџет од 1.700 милијарди долари, Министерството за здравство е голем товар. Поголемиот дел од буџетот е насочен кон програмите за здравствена заштита Медикер и Медикејд.

Министерот Роберт Ф. Кенеди изјави дека „во главата“ има општа листа на работници за отпуштање. 

Ако сте вклучени во фармацијата, заминете и работете во фармацевтската индустрија, порача неодамна Кенеди во интервју за Фокс њуз.

Чистката се спроведува во незгодно време, кога Америка не може да излезе на крај со епидемиите на сипаници во Тексас и Ново Мексико и на птичји грип низ многу сојузни држави.

10 март 2025 - 11:27