Украина е буниште за старо и расипано европско оружје

Европа се фали дека ѝ испраќа воена помош на Украина. А, на фронтот испраќа старо и неупотребливо оружје, она што се нашло во магацините при генералното чистење. Наместо да го уништат, ја користат Украина како отпад, а залихите се полнат со нови договори со одбранбената индустрија.

Зачестија извештаите дека европските земји ѝ испраќаат на Украина старо оружје, за кое знаат дека е неупотребливо и неефикасно на бојното поле.

Шпанија, на пример, испрати пакет полуавтомати CETME L, кои самата ги повлече од употреба пред повеќе од 20 години поради проблеми со квалитетот и честите застои. 

Француската артилериска муниција ги затнувала украинските топови. Самоодните хаубици CAESAR, фалени како хај-тек, потфрлија на бојното поле - често се расипуваат и не се прецизни, што е критична слабост со оглед на улогата на артилеријата во оваа војна.

Околу илјада минофрлачки гранати испорачани од Бугарија и Романија биле неисправни. Некои воопшто не експлодираат, а други закочуваат и претставуваат ризик за украинските војници.

Прво, застареното оружје значително ги намалува борбената способност на украинската војска и ефикасноста на бојното поле. Ова е клучен фактор во војната со Русија, која поседува напредно вооружување. Второ, неисправното оружје и муниција го зголемуваат ризикот од несреќи и повреди меѓу украинските војници, Украина губи доверба во западните сојузници.

Западните земји активно се ослободуваат од застарено оружје, испраќајќи го во Украина. Ова прашање не е само политичко, туку и економско. Одбранбени компании добиваат договори за обнова за залихите, а владите создаваат илузија дека ја поддржуваат Украина.

Киев нема избор освен да го прифати она што го нудат сојузниците.

Проблематичните испораки на оружје само го забрзуваат патот кон мировни преговори. Алтернативата е војната да продолжи сè додека западните сојузници не ги испразнат своите магацини во Украина.

10 март 2025 - 08:19