Лос Анџелес не знае каде завршиле парите за бездомници

Американски федерален судија наредил да се изврши независна ревизија за тоа како градот и округот Лос Анџелес ги трошел парите наменети за бездомници. Се работи за милијарди долари бидејќи тоа е еден од главните проблеми на градот во кој се проценува дека има околу 80.000 бездомници. Ревизијата заклучила: Лос Анџелес не знае и нема начин да дознае.

„Не се работи само за пари туку се работи за човечки животи,“ вели за CBS News еден сопственик на дуќан во срцето на Скид Роу, делот од градот во кој има најмногу бездомници. Вика дека има денови кога гледа по три-четири предозирања на бездомници.

* Види: Л.А. има свое Баиро  

Неговото чувство дека нешто не чини во справување со овој проблем го потврдуваат резултатите од независната ревизија кои велат дека властите во градот и округот не можат да одговорат за судбината на милијардите долари од даночните обврзници потрошени за кризата со бездомниците минатата година. 

Се работи за 2,5 милијарди долари.

Главен виновник е надлежната управа за сервиси за бездомници која менаџирала огромен дел од парите а водела толку лоша евиденција што е речиси невозможно сега да им се следи трагот.

„Тоа е вистинска инфраструктурна катастрофа“, вели Елизабет Мичел, адвокатка на Алијансата на ЛА за човекови права. „Сите се одговорни и никој не е одговорен.“

********

Види и:

Прогресивниот Л.А. полека станува Грчец

9 март 2025 - 10:27