
Вработените во УСАИД почнале масовно да уништуваат доверливи документи, откако добиле таква наредба од Ерика Кар, вршителката на должноста извршен секретар.
Службениците во штабот на УСАИД во комплексот „Роналд Реган“ во Вашингтон ги пуштале документите во машини за уништување хартија или ги собирале во вреќи за палење, пишува лондонски „Гардијан“.
Прво исечете што е можно повеќе документи, а вреќите чувајте ги ако машината не е достапна или ако треба да одмори. Ако користете вреќи, не ги преполнувајте. Внимавајте да ги захефтате, порачала Кар во мејлот до вработените.
Агенцијата за меѓународен развој е во фаза на укинување поради претерани трошоци за проекти што не се од интерес или се штетни за САД.
Законот за федерални документи налага при секое реформирање или затворање на федерална агенција, целосната документација да се предаде на агенцијата-наследник или на Националниот архив и администрација на документи (НАРА).
Во вонредни случаи како итното повлекување на САД од Авганистан во 2021 година, НАРА испратила потсетување „безбедно и законски“ да се уништат чувствителните документи.
Законот строго забранува уништување на владини документи пред да измине назначениот период за чување - вообичаено минимум три години.