Вести

Фармацевтски гигант штелувал истражување за да продава ризичен лек

Фармацевтскиот гигант Амген e фатен дека манипулирал податоци од клиничко испитување на лек од кој очекувал профит од милијарди долари. Четири години криел несакани ефекти од лекот Tavneos, со што предизвикал осум смртни случаи и загрозил животи на 70 пациенти. ФДА ја потврди измамата и има право да го повлече лекот, но сè уште не го користи тоа овластување.

Синовите на Трамп вадат профит од рударскиот дил на САД со Казахстан

Инвестициски фирми поврзани со синовите на претседателот Трамп и министерот за енергетика Лутник имаат удел во стратегискиот договор со Казахстан од 1,6 милијарди долари за експлоатација на волфрам. Овој метал е од критична важност на САД за производство на чипови, сензори, муниција и одбранбени системи

Сорос донирал 102 милиони долари за радикалните левичарски кандидати

Семејството на контроверзниот финансиер Џорџ Сорос досега вложило 103 милиони долари за демократски кандидати на среднорочните избори за Конгресот. Стариот повеќе го нема последниот збор, а се чини дека синот Алекс всушност го финансира радикалното левичарско крило за да ја преземе контролата врз Демократската партија.

Речник

Америка e на Балканот само заради гасот

Политиката „Америка на прво место“ ја прегази стратегијата на Европа за енергетски развој на шесте земји од Западен Балкан. Во новиот свет каде што моќта е поважна од правилата, Брисел со своите регулативи и зелени агенди не може да се натпреварува со американската тактика на нудење политички бенефиции за инфраструктурни и енергетски проекти.

Шпанија ќе легализира речиси 1 милион имигранти

Социјалистичката влада на Шпанија ја вознемири цела Европа кога најави легализирање на 500.000 мигранти. Проценката беше потфрлање. Доби 1,3 милиони барања за доделување документи за престој и работа, од кои се очекува да бидат одобрени 900.000. Брисел објави дека амнестијата нема да важи во другите членки на ЕУ, но границите на Шенген зоната се отворени.

Крим ќе ја реши украинската војна

Не е тајна дека за Владимир Путин, Крим за Русија е она што е Храмовата гора во Ерусалим за јудаизмот, нивното најсвето место од кое, после рушењето на вториот храм, останат е само ѕидот на плачот. Крим има „непроценливо цивилизациско, па дури и сакрално значење за Русија“, има кажано Путин уште во 2014 година. И покрај целата негова духовна тежина, деновиве за Москва е поважна неговата стратешка вредност.

Русија го притиснала Асад да се пакува и да бега

Како што сириските милитанти се побрзо напредувале кон Дамаск, Русија, која се чуди како толку доцна разбира за опасноста, го убедила сирискиот претседател Башар Ал Асад, да се откаже од каква било борба и да го фаќа авионот накај Москва.

Кина го ограничи извозот на делови за дронови кон Западот

Како дел од ескалирањето на трговската војна, Кина одлучи да го намали извозот на компоненти кои се клучни за европското и американското производство на дронови.

Застрашувачка симулација: Путин потегнува нуклеарки

Путин деновиве кажа дека кога ќе имаат доволно ракети Орешник, нуклеарно оружје и нема да им треба. Лавров, пак, предупреди да бидат сфатени сериозно дека се спремни за сите средства. Професорот Алекс Велерштајн изработи модел кога руската бомба Топол M SS-27 би била детонирана над главните градови во Европа и САД. Топол не е најразорното руско нуклеарно оружје (имаат и R-36 - Сатан) но сепак е 50 пати посилна од онаа во Хирошима. Страшно.

Од Белата куќа ќе фрчат помилувања до крајот на мандатот на Бајден?

Администрацијата во заминување размислува за давање на серија превентивни помилувања на бројни сегашни и поранешни американски јавни функционери што би можеле да настрадаат во идни постапки кои потенцијално би ги започнал Доналд Трамп.

После терористи, судови

Жртва на терористичкиот напад во Манхајм, кој беше прободен со нож од исламист заради неговите критики на Исламот, шест месеци по обидот за убиство е осуден од германската држава за омраза заради своите ставови и критики на Исламот.

Само 6% од американските административци одат на работа

Извештај составен за американскиот Конгрес открива дека само 6% од федералните вработени се појавуваат на работа во канцеларија на целосно работно време. Исто така, околу една третина од сите административци целосното работно време го отслужуваат од дома.

Украина станува „Игра на дронови“

Војната во Украина влегува во нова фаза: дронови напаѓаат дронови. Иако се користеа и претходно, во украинската војна тие доживеаја бум. Се користат за напади на командни пунктови, магацини, инфраструктура, оклопни возила и тенкови, а во последно време сè почесто и за напади на други беспилотни летала.

Мета признава дека претеруваат со цензурирање

Директорот за глобални прашања на Мета јавно признава дека не само што цензурираат туку попат прават и големи грешки во проценка на содржини кои решаваат да ги отстрануваат или да ги етикетираат. Тоа го знае секој кому му била скинато нешто од Фејсбук, а било банално или пак да се чудиш што било спорно. Малку претеравме, вели директорот. Не, многу претеравте.

Празничните свеќи се поштетни од цигари

Палењето новогодишни или какви било миризливи свеќи значително го влошува квалитетот на воздухот во просторијата и во одредени случаи е поштетно за белите дробови отколку пасивното вдишување чад од цигари. Истото ова важи и за миризливи стапчиња.

Дали Украинците се спремни да се откажат од територија за мир?

Доколку Украина ја заврши војната во 2025 тоа најверојатно ќе го направи по цена на жртвување на дел од територијата која изминативе години не можеше да ја ослободи од руската војска. Надежта на Украинците е дека за возврат би добиле „помала, но посреќна и побезбедна Украина.“

Укинување на романската демократија

Неделава силите требаше да ги одмерат двајца најдобро пласирани романски претседателски кандидати:  ТикТок 'ѕвездата' Калин Георгеску и поранешната тв новинарка Елена Ласцони. Но, само 48 часа пред отворање на гласачките кутии, Уставниот суд реши да го поништи целиот процес заради руска вмешаност. Истовремено се оддржаа и парламентарни избори, ама, види чудо, тие резултати на државата ѝ се чинат неспорни.

Дали на OpenAI наскоро ќе биде напишано „Closed“?

„Се кладам во сè што имам дека ОпенАИ ќе банкротира меѓу 2026-та и 2028-ма,“ заклучува една анализа на достапните финансиски податоци за компанијата која поради звучноста нема проблем со инвеститори, ама затоа има долгорочен проблем со приходите. Башка што не се знае како ќе завршат судските процеи кои против неа ги започна Илон Маск.

Запознајте го новиот сојузник

Американската амбасада во Сирија во 2017 година објавува награда за озлогласениот терорист Абу Мухамед Ал Џавлани, нудејќи 10 милиони долари за негово откривање или ликвидирање. Седум години подоцна, откако Обама рече „Асад мора да замине“, денешен Вашингтон прилично неутрално порачува дека „внимателно го следи развојот на настаните во Сирија.“

Хак ту девојката ги ојади слепите фанови

Почна со едно симпатично вирално меме, бргу стана популарна и фино ја користеше својата популарност,  изгледајќи ни како многу фина и приземна девојка. Ама, лакомоста не знае за граници па освен капи и маици, се лансираше и крипто токен под нејзиниот бренд кој молскавично постигна фасцинантна пазарна проценка за веднаш потоа да изгуби 95% од вредноста. Тие што купуваа, останаа без пари. Кој им е крив. 

Користа од штетните гасови

Уште не постои научен консензус за климата и затоплувањето но дека е жешко, жешко е. Во комплицираните климатски модели постојат секакви елементи кои се земаат предвид, но понекогаш тоа се оние на кои најмалку се надеваш. На пример сулфур диоксидот. Штетен за белите дробови, корисен за ладење на планетата.

Не верувај на Кинез што ти уплаќа животно осигурување

Два месеца откако влегуваат во брак, Кинез уплаќа животно осигурување на својата нова сопруга, чиј краен корисник е самиот тој. И тоа не е едно, туку неколку. За жал ништо од ова не и е ни најмалку сомнително на жената.

Имаме 428 федерални агенции, ни требаат 99

Уште месец и половина останува до стартот на вториот мандат на Доналд Трамп. Веќе се познати имињата на клучните лица во власта и агенциите а најмногу се очекува од новиот оддел DOGE (Оддел за владина ефикасност), кој ќе делува како советодавно тело надвор од самата влада. Ќе го водат Илон Маск (Тесла, Спејс Икс, Икс) и републиканскиот политичар Вивек Рамасвами.

Телеграм ја менува плочата

Четири месеци откако основачот на Телеграм беше уапсен во Париз заради немодерирање екстремни содржини, платформата најави пресврт во своите ставови. По апсењето на Павел Дуров компанијата стана невообичaено кооперативна, прво за ИПП адресите и телефонските броеви, а сега и за материјалите со сексуална злоупотреба на деца.

Украина може да очекува лавина од воена помош од Бајден пред одење

Белата куќа составила стратегија за засилување на Украина која треба да биде испорачана пред доаѓањето на Трамп на власт. Таа вклучува 20 милијарди долари во заеми и дополнителни сеопфатни санкции против Русија.

Се продава бело платно за 1,5 милион евра

Бело платно со бела рамка, со димензии 132,1 х 132,1 е ставено на понуда во аукциската куќа Кетерер. Очекувањето на аукциската куќа е дека оваа ставка од каталогот ќе ја продаде за 1,5 милиони евра.

Нигер си ги врати рудниците на ураниум од Французите

Воената хунта во Нигер која на власт дојде минатата недела, вети дека ќе ги ревидира и поништи сите договори кои претходните власти галантно ги имаат склучено со странски фирми за експлоатација на екстремно богатите рудни наоѓалишта во земјата. Први тоа го почувствуваа Французите кои менаџираа рудници со преку 200.000 тони ураниум.

Украина го имаше најлошиот месец во последниве две години

Само во ноември Украина изгуби повеќе територија отколку територијата на цел Њујорк (градот), што претставува најголема загуба на територија од септември 2022, кога ја организираше својата најуспешна контра-офанзива.

Украина почна да разговара со тимот на Трамп за завршување на војната со Русија

Дел од највисоките украински функционери преговараат со колегите од идната американска администрација во надеж дека ќе ги намалат разликите што ги имаат со Трамп за тоа колку Украина треба да попушти во идните преговори.

Холандија разгледува задолжително служење војска

За прв пат по 27 години холандското министерство за одбрана размислува за воведување задолжителен воен рок во земјата. Веќе имаат план што треба да се направи и сфатиле дека многу треба да се направи, ама веројатно друго решение нема да има.