
Нов Зеланд отвори истрага за да утврди дали банки здружени заради исполнување на климатските цели ги прекршиле законите против картели.
Лоби групата на земјоделци се жали дека банките од Нет-зеро банкарскиот сојуз (НЗБА) ги прилагодиле и ги координирале стратегиите за кредитирање на штета на секторите со висока емисија на гасови, како земјоделството, транспортот и рударството.
Банката БНЗ престанала да кредитира бензински станици, а АНЗ барала од клиентите да бидат „поотпорни на ризиците од климатска транзиција“. Вестпак барала од клиентите да ги намалат штетните емисии, но тоа не го наметнувала како задолжителна обврска.
Нов Зеланд беше една од првите развиени земји што постави задолжителна цел за јаглеродна неутралност - намалување на испуштањето штетни гасови до нула. Строгоста почна да се разлабавува откако во 2023 година на власт дојде умерената десничарска коалиција на чело со премиерот Кристофер Луксон.
Истрагата за банкарските картели се поврзува со расправата за законот, предложен од партијата „Нов Зеланд прво“ на вицепремиерот Винстон Питерс, со кој се бара вработувањата во јавниот сектор да бидат исклучиво врз основа на стручност, а не под притисок од кампањата за еднаквост, правичност и инклузивност.