Пентагон сака да се ослободи од 60.000 службеници

Кампањата на Трамп за кратење на државните трошоци маршира со забрзан чекор. Секретарот за одбрана Пит Хегсет смета повеќе од 50.000 цивилни службеници за непотребен товар од кој Пентагон може да се ослободи, а притоа да не биде загрозена безбедноста на САД. Тоа се едвај 5% од армијата административци без воена униформа. 

Министерството за одбрана на САД настојува да избрише од платниот список помеѓу 50.000 и 60.000 цивилни службеници за да ги намали трошоците.

Планот е службениците доброволно да ги напуштат работните места, но ако нивниот број не е доволен, ќе има и откази.

Пентагон сега им дава плата на 878.000 цивилни службеници. 

Бројот се чини дека е висок, но би се фокусирал на процентуалното учество. Намалување од 5% до 8% од вкупниот број вработени не е големо. Секретарот за одбрана Пит Хегсет е убеден дека тоа може да се направи без негативни последици врз воената готовност, изјавил функционер од Пентагон на брифинг со репортери.

Дел од персоналот ќе биде скратен со одлуката за забраната за ангажирање нови лица на местото на оние што заминуваат - по околу 6.000 секој месец. Почна процесот за отпуштање на околу 5.400 приправници што поминале помалку од две години на работните места. Во Пентагон има околу 54.000 приправници.

Одобрени се барања на уште околу 21.000 цивилни лица за доброволно напуштање на службата, со право на отпремнина до 30 септември.

Ако бројот на сите овие заминувања не се доволно, министерот Хегсет ќе реши како и кога ќе ги употреби механизмите што му се на располагање за да ја постигне целта. Можно е и заминување со воени ветерани што продолжиле да служат како цивилни лица, додава функционерот.

19 март 2025 - 13:51