Монсанто пак го удрија кајшто најмалку го боли

Хербицидот Раундап на Монсанто истребува плевел, но озлогласниот глифосат често предизвикува рак кај луѓето што го користат. Суд од Џорџија нареди агрохемискиот гигант да плати отштета од 2,1 милијарда долари на уште една жртва со не-Хочкинов лимфом. Во долгиот ред за отштета се уште 177.000 пациенти, а Монсанто упорно тврди дека Раундап е безбеден.

Поротата во Џорџија му нареди на концернот Баер, сопственикот на Монсанто, да му плати 2,1 милијарди долари на Џон Барнс, земјоделец кој тврди дека добил канцер од користење на хербицидот Раундап.

Ова е една од највисоките од отштети наметнати од агрохемискиот гигант во низата судски битки со пациенти што страдаат од рак. Казната вклучува 65 милиони долари компензаторна штета и 2 милијарди долари казнена отштета.

Барнс ја поднесол тужбата против Монсанто во 2021 година, тврдејќи дека Roundup е причина за неговиот не-Хочкинов лимфом. 

Ова беше долг пат за него. Среќен е што е откриена вистината. Пресудата е уште еден пример за одбивањето на Монсанто да ја прифати одговорноста за труење луѓе со овој токсичен производ, објави адвокатската канцеларија Кајл Финдли, која го застапува тужителот.

Германски Баер, кој во 2018 година го купи Монсанто, упорно ги оспорува тврдењата дека Раундап предизвикува рак. Но, компанијата веќе е соочена со 177.000 тужби за хербицидот, за кои мора да издвои 16 милијарди долари за отштета.

Предсудата е во конфликт со огромната тежина од научни докази и консензусот на регулаторните тела. Компанијата цврсто стои зад ставот дека производите од линијата Раундап се безбедни, објави Монсанто.

Хербицидот главно се комбинира со генетски модифицирани семиња на разни култури - пченка, соја и памук – кои се отпорни на токсините што го убиваат плевелот. Тоа на земјоделците им овозможува поголеми приноси.

Низа студии го поврзуваат глифосатот, клучната состојка на Раундап, со рак. Агенцијата за заштита на животната средина на САД оцени дека состојката не е канцерогена ако Раундап се користи според упатствата. Основата за лавината тужби е дека Монсанто со години не ја предупредувал јавноста за сериозните ризици.

На проблемите за Монсанто не им се гледа крај. Ова е четврти судски пораз само од адвокатската канцеларија Финдли, која тврди дека застапува „многу клиенти со случаи како господинот Барнс“.

Види и:

Монсанто ќе ти плати, кога ќе биде доцна

Како Монсанто ги манипулира новинарите и академиците

Тужбите против Монсанто метастазираат

Како Монсанто ја модифицира науката

 

 

24 март 2025 - 11:09