Сорос и Гејтс ја подмачкуваат пропагандната машина против Трамп

Медиуми ја проширија веста дека САД се допишани на „глобалната листа за набљудување на човековите права“ поради политиката на претседателот Трамп. Меѓутоа, она што не го објавија е дека групата што го составува списокот зема милиони долари од многу политички противници на Трамп, вклучувајќи ги филантропите Џорџ Сорос, Бил Гејтс и Фондацијата Форд.

Непрофитната организација за „зајакнување на граѓанското општество“ ЦИВИКУС со седиште во Јужна Африка, во понеделникот ги додаде САД на својот список „земји во кои се набљудува почитувањето на човековите права“.

Групата објаснува дека администрацијата на Доналд Трамп е вклучена во „напад врз демократските норми и глобалната соработка“ откако го укинала федералното финансирање за организациите што поддржуваат ранливи категории луѓе и го „запрела напредокот за иницијативата за правичност, еднаквост и инклузивност. Притоа е издвоен случајот на укинувањето на Агенцијата за меѓународен развој УСАИД.

Извештајот поттикна портали како „Тајм“, „Хил“, „Гардијан“, „Њусвик“ и „Индепендент“ да објават статии во кои човековите права во САД се споредуваат со оние во Пакистан, Демократска Република Конго или други земји од листата.

Меѓутоа, ниту еден од овие медиуми не спомна дека ЦИВИКУС е финансиран од либерални донатори, забележува „Вашингтон егзаминер“.

Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос, според даночните пријави, донирала 1,8 милион долари на групата во периодот од 2020 и 2023 година. Организацијата е дел од мрежата на непрофитни групи контролирани од семејството Сорос, кое ги финансира Демократската партија и поширокото либерално движење во САД и низ светот.

Политичкиот акциски комитет Демокраси, на чело со Алекс Сорос, синот на Џорџ Сорос, за време на изборниот циклус лани вложи 67,5 милиони долари во кампањите на демократите за Белата куќа и за Конгресот. Џорџ и Алекс Сорос лично донираа милиони долари за финансирање на неуспешните претседателски кандидатури на Џо Бајден и Камала Харис.

Од парите од невладината организација на Сорос зависат и непрофитните групи што се противат на агендата на администрацијата на Трамп преку координирани протести, кампањи по социјалните мрежи и правни блокади.

Добиваме средства од разни извори, но нашите истражувања и програми не се под влијание на финансиерите. Приоритет се потребите и предизвиците со кои се соочуваат нашите сојузници од граѓанското општество и локалните заедници низ светот - изјави портпарол на ЦИВИКУС за „Вашингтон егзаминер“.

Бил Гејтс е уште еден од големите донатори на Демократската партија што инвестирал и во ЦИВИКУС. Неговата добротворна фондација дала околу 1,5 милион долари во 2018 година. Основачот на „Мајкрософт“ лани донираше 50 милиони долари за претседателската кампања на Камала Харис.

Со Харис се поврзуваат и други дарежливи донатори на ЦИВИКУС. Фондацијата Форд вложила околу 8,3 милиони долари помеѓу 2020 и 2023 година. Дарен Вокер, претседателот на фондацијата често пати се среќавал со Харис, бил гостин во нејзината приватна резиденција и вечерал со потпретседателката и нејзиниот сопруг. Во Одборот на Фондацијата Форд е и демократската мегадонаторка Лорин Пауел Џобс, блиска пријателка на Харис.

Фондацијата соработувала со администрацијата Бајден-Харис на иницијативи за вештачка интелигенција, за спречување насилството и за економски развој.

Од друга страна, Фондацијата во изминатите години издвои и десетици милиони долари за аналитички групи од левиот центар, кои често ги критикуваат конзервативните политичари, организациите за правата на абортусот и групите поврзани со масовни протести.

На оваа тема:

Сорос донираше 60 милиони долари за ултра-прогресивните кандидати и каузи

 

21 март 2025 - 10:39