Лева Данска ја разбира десна Америка

Данската премиерка Мете Фредериксен призна дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс „имал поента“ за миграцијата, детектирајќи ја како битно прашање. Фредериксен објасни дека неконтролираната масовна миграција влијае на локалните заедници, на безбедноста и на пазарите на трудот, а ефектите од тоа најакутно ги чувствуваат ранливите популации.

Премиерката која е лидер на владејачките дански социјадемократи има разбирање за позициите на Венс дека масовната имиграција е закана за Западот.

„Масовното влгување во Европа е закана за секојдневниот живот на континентот,“ рече Фредериксен.

Таа ги истакна предизвиците од масовната миграција, наведувајќи ги статистиките за криминалот и проблемите на пазарот на трудот, истакнувајќи дека најголемо влијание чувствуваат најранливите сегменти на општеството.

Минатиот месец, Венс им рече на европските лидери: „Ниту еден гласач на овој континент не отишол на гласачките кутии за да ги отвори вратите за милиони непроверени имигранти“. 

Последно, тврдеше дека зависноста од евтина странска работна сила ги направила мрзливи САД, Обединетото Кралство и Канада, поради што страда продуктивноста.

И покрај левичарската позиција на Фредериксен, нејзината имиграциска политика е слична на реториката на Венс и Трамп. Таа веќе воведе строги мерки за менаџирање на имиграцијата, означувајќи ги тие иницијативи како „нула азил“.

Ова вклучува одвраќање на мигрантите преку негативно рекламирање и спроведување на законите „Без гето“ за да се промени демографскиот состав на населбите. 

* Види
Има нешто 30% во државата Данска
Данскиот парламент го изгласа „гето планот“

Освен тоа, уште пред 4 години Данска донесе легислатива која го охрабрува процесот оние што сакаат да дојдат таму, процесот на обработка на нивното барање да го поминат (поточно не-поминат) што подалеку од ЕУ, на пример, во Руанда.

Цврстиот став за миграцијата на данските социјалдемократи им донесе најдобар резултат во последните две децении на последните избори во 2022 година.

23 март 2025 - 12:06