Вести

Фармацевтски гигант штелувал истражување за да продава ризичен лек

Фармацевтскиот гигант Амген e фатен дека манипулирал податоци од клиничко испитување на лек од кој очекувал профит од милијарди долари. Четири години криел несакани ефекти од лекот Tavneos, со што предизвикал осум смртни случаи и загрозил животи на 70 пациенти. ФДА ја потврди измамата и има право да го повлече лекот, но сè уште не го користи тоа овластување.

Синовите на Трамп вадат профит од рударскиот дил на САД со Казахстан

Инвестициски фирми поврзани со синовите на претседателот Трамп и министерот за енергетика Лутник имаат удел во стратегискиот договор со Казахстан од 1,6 милијарди долари за експлоатација на волфрам. Овој метал е од критична важност на САД за производство на чипови, сензори, муниција и одбранбени системи

Сорос донирал 102 милиони долари за радикалните левичарски кандидати

Семејството на контроверзниот финансиер Џорџ Сорос досега вложило 103 милиони долари за демократски кандидати на среднорочните избори за Конгресот. Стариот повеќе го нема последниот збор, а се чини дека синот Алекс всушност го финансира радикалното левичарско крило за да ја преземе контролата врз Демократската партија.

Речник

Америка e на Балканот само заради гасот

Политиката „Америка на прво место“ ја прегази стратегијата на Европа за енергетски развој на шесте земји од Западен Балкан. Во новиот свет каде што моќта е поважна од правилата, Брисел со своите регулативи и зелени агенди не може да се натпреварува со американската тактика на нудење политички бенефиции за инфраструктурни и енергетски проекти.

Шпанија ќе легализира речиси 1 милион имигранти

Социјалистичката влада на Шпанија ја вознемири цела Европа кога најави легализирање на 500.000 мигранти. Проценката беше потфрлање. Доби 1,3 милиони барања за доделување документи за престој и работа, од кои се очекува да бидат одобрени 900.000. Брисел објави дека амнестијата нема да важи во другите членки на ЕУ, но границите на Шенген зоната се отворени.

Крим ќе ја реши украинската војна

Не е тајна дека за Владимир Путин, Крим за Русија е она што е Храмовата гора во Ерусалим за јудаизмот, нивното најсвето место од кое, после рушењето на вториот храм, останат е само ѕидот на плачот. Крим има „непроценливо цивилизациско, па дури и сакрално значење за Русија“, има кажано Путин уште во 2014 година. И покрај целата негова духовна тежина, деновиве за Москва е поважна неговата стратешка вредност.

Што знае буџет што се 4.700 милијарди долари

За речиси 5 билиони долари исплатени од федералниот буџет на САД не може да се открие дали завршиле каде што биле наменети, бидејќи Министерството за финансии случајно или намерно не им ја бележело трагата, утврдило одделението за кастрење трошоци на Илон Маск. ДОГЕ бара и целосно укинување на застарените хартиени чекови, за чие чување во сефови се троши по 750 милиони долари годишно.

Мексико: Трамп прво да ги подбере наркокартелите дома

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум ја сврти наопаку тезата на Доналд Трамп дека наркокартелите од нејзината земја прават пуздер низ Соединетите Држави. Напротив, таа вели дека Америка им дава и засолниште и оружје на картелите да го тероризираат Мексико. 74 проценти од оружјето со кое тие се требат меѓусебно е „Made in US.“

Украина беше предадена долго време пред Трамп

Пред руската инвазија, западните лидери преку НАТО ефективно провоцираа војна, која не сакаа да ја водат. А, откако војната почна, ѝ помагаа на Украина да се бори за иднина што тие одбиваат да ѝ ја обезбедат. Тоа беше најлошиот од сите можни светови за Украина. Трамп сега го пресече овој Гордиев јазол на најбрутален начин, но само гласно го кажа она што молчешкум беше пристап на Запад кон Украина подолго време.

Донатори креваат раце од демократите што тонат

Американските демократи и друг пат губеле претседателски трки, но на овие избори ги изгубиле и идентитетот и идеологијата, тврди нивна долгогодишна донаторка. „Тие се маѓепсани од транс-воук лудоста“, тврди Линди Ли. Нејзините бивши сопартијци, пак, потсетуваат дека до пред некој месец „ѝ пукало срцето“ по Џо Бајден.

Хомер, врати се, сè ти е простено!

Метлата на Одделението за владина ефикасност ги подбра и инженерите од агенцијата за нуклеарна безбедност, за на одделот на Илон Маск отпосле да му стане јасно дека без нив нема кој да се грижи за нуклеарниот арсенал. Сега ги молат инженерите да се вратат на работните места, ама имаат мал проблем: не можат да ги најдат.

Зошто Шолак му ја продаде империјата на смртниот непријател Вучиќ?

Во големата шаховска партија што со години во Србија трае меѓу претседателот Александар Вучиќ и оние кои се против него, досега предводени од српската опозиција а веќе неколку месеци од  студентите, последната одлука на бизнисменот Драган Шолак да продаде поголем дел од своите бизниси во Србија може да се протолкува како „мат“ на Вучиќ за неговите политички и медиумски противници.

Гренел би се одмерил со Камала во Калифорнија

Поранешната потпретседателка и неуспешна демократска кандидатка за претседател, наскоро би можела да го најави својот политички камбек во нејзината родна држава Калифорнија, во трката за гувернер на најбогатата американска сојузна држава. „Ако таа влегува, и јас би влегол“, вели долгогодишниот близок соработник на Трамп, кој ѝ е важен и на Македонија, Ричард Гренел.

Џеј-Ди Венс: Ако ние ја преживеавме Грета Тунберг, вие ќе го преживеете Илон Маск

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја повика Европа конечно да застане на страната на слободата за да се справи со најголемата закана која го загрижува: заканата одвнатре. Ги критикуваше лидерите на континентот  дека се повлекуваат од некои од најфундаменталните европски вредности, првенствено замолчувајќи ги поинаквите мислења, модерирајќи ги содржините и изолирајќи ги партиите кои не им одговараат.

Модерните авиони прават поштетни опашки

Неодамнешно истражување на Империал колеџот во Лондон откри дека модерните комерцијални авиони кои летаат на големи височини создаваат подолготрајни „опашки“ (попознати од теориите на заговор како кемтрејлс) отколку постарите авиони. Ова сугерира дека иако модерните летала испуштаат помалку јаглерод, може да имаат поголемо влијание врз климатските промени.

ЕУ бара столче на преговарачката маса за Украина

Велика Британија, Франција и Германија порачаа дека треба да бидат вклучени во преговорите за Украина за да се обезбеди траен мир со безбедносни гаранции. Претходно, Доналд Трамп ги олади амбициите дека Украина може да се врати на границите пред 2014 година, а Зеленски преку Гардијан порача дека нема да верува во безбедносни гаранции доколку зад нив не стојат САД.

2024 YR4. Уште тој ни фали

Астрофизичари од целиот свет последниве месец и половина внимателно „гледаат нагоре“ поради  астероидот наречен 2024 YR4 откриен за време на католичките божиќни празници кој би можел да ја погоди Земјата за околу седум години. Добрата вест е дека веројатноста да нè зачука е мала, лошата дека таа веројатност расте.

Трамп: Започнуваме со преговори за мир, ќе му кажам и на Зеленски

Американскиот претседател доналд Трамп обелодени дека имале „долг и продуктивен разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин. За да се спречи продолжување на крвопролевањата во Украина и Русија договориле веднаш да се почне со преговори за мирно решенија. Тоа прво ќе му се соопшти на Владимир Зеленски.

Асфалтот веќе не ги чека луѓето за да се закрпи

Наскоро би можеле да добиеме асфалт кој сам ќе ги закрпи своите дупки, најавуваат истражувачите од Универзитетот Свонси и Кралскиот колеџ во Лондон кои развиле иновативен материјал за да го решат овој проблем. Штом асфалтот ќе се оштети, од него се ослободуваат масла кои ја затвораат пукнатината за само еден час.

Економскиот мастерплан на Трамп воопшто не е наивен

Доналд Трамп одамна стравува дека доминантноста на Америка е минлива и дека доларот, кој се смета за нејзино најголемо оружје, може во еден момент да се претвори во преголем товар. Царините се само прва фаза во неговиот план за целосно рекомпонирање на економскиот поредок. А тој многу подобро разбира како функционира светот и парите од неговите критичари.  

Дабарите побрзи од бирократијата

Колонија дабари во заштитеното подрачје на планината Брди во близина на Прага во Чешка, неповикани и доброволно завршиле еден клучен државен проект за ревитализација на мочуриштата. Со својата акција, на локалните власти им заштедиле околу 1,2 милиони евра.

Одделот на Маск веќе заштеди милијарда долари дневно

Илон Маск си даде задача да скрати и заштеди три милијарди дневно непотребни трошоци на државата и нејзините агенции. Со досегашните резови дојдено е до милијарда долари. Зошто медиуми толку шизат? Што не чини со намалување на непотребните државни трошоци и јавниот долг? Се разбира, ништо. Поинаква е нивната мака.

Палестинците во Саудиска Арабија? А Евреите на Мадагаскар?

Лудата идеја на Трамп за обнова на појасот Газа откако ќе бидат преселени оние на кои тоа им е татковина, дополнително беше „разработена“ од Нетанјаху кој предложи Палестинците да се населат во пустината на Саудиска Арабија. Израел се чини консезуално го подржува тоа, дури и оние кои не можат да го смислат Нетанјаху. Изгледа имаат заборавено дека не толку одамна, нивните предци за некого беа пречка.

Следни за отстрел се Гласот на Америка и Радио Слободна Европа?

Пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, повика на укинување на финансирањето на државните медиуми како што се Гласот на Америка и Радио Слободна Европа. Вели, освен од бирократијата која ја гуши, Европа сега е слободен континент и нема потреба од такви медиуми кои веќе никој не ги слуша. Илон Маск се согласи.

Германија го притиска Маск да даде пристап до Икс

Маск е новата „Русија“, кога се работи за сомничење за „странско мешање во изборите“ во некоја земја. Тоа му се случува секогаш кога ќе реши да подржи или да ретвитне политичка сила која не им одговара на владеачки неолиберални кругови. Битката на Маск со европските регулатори трае одамна и беше започната со негото одбивање да ја продолжи праксата на стариот Твитер, да цензурира сè што ќе биде побарано од него. Сега се оди преку суд и мометално, Маск губи.

Медиумската империја на УСАИД

Викиликс обелодени дека УСАИД има уфрлено речиси половина милијарда долари со кои  финансирале 4.291 медиум ширум светот кои во една година произведувале по 4.799 часа програма што допрела до 778 милиони луѓе. Попат, имаат тренирано (дресирано?) преку 9.000 новинари. Со таква армија на располагање станува јасно - парите на УСАИД не беа да се нахранат гладните туку да се нахрани наративот пожелен за Вашингтон.

Трамп им става крај на хартиените сламки

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth“ објави дека ќе потпише извршна наредба за ставање крај на „бесмислената промоција на хартиени сламки“ од неговиот претходник Џо Бајден. Главната порака на новиот шериф е: „Се враќаме на пластика!“ А тие хартиените сламки Трамп до толку не ги можеше, што дури и продаваше пластични.

Полска го одбива пактот на ЕУ

Полска нема да го спроведе Пактот за миграција и азил, сеопфатната реформа што Европската унија ја воведува за колективно да се справи со илегалното доаѓање на луѓе кои бараат азил. Ова отворено го најави премиерот Доналд Туск на заедничката прес-конференција со главниот промотер на овој пакт, првиот човек на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Трамп ќе депортира во најбруталниот затвор на Латинска Америка

Пишавме дека централноамериканската држава Ел Салвадор се договорила со САД да ги прифатат депортираните криминалци, без разлика на нивната националност или земја на потекло. Сега малку за сместувачките капацитети: дојденците ќе бидат сместени во озлогласениот мега-затвор ЦЕЦОТ (Centro de Confinamiento del Terrorismo). Таму за живот и спиење на човек му следуваат во просек по пола метар квадратен.

ЕУ најде компас за својата економија, само што и тој е збунет

Заробена во неолибералниот затвор, ЕУ може да се прости од своите перспективи во иднината. Додека Кина и САД се во жестока трка за технолошка супериорност, ЕУ вади Пауер поинт презентации. Дури и да ги зголеми инвестициите, како што им препорачуваат сите анализи, тоа нема да ја зајакне самата европска економија туку наднационалните и бирократски структури кои владеат со блокот.