Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Со освоени седум медали за седум вина на најпрестижниот вински натпревар во светот, Decanter World Wine Awards 2025, винаријата „Монтеко“ го оствари најголемиот успех во своето едногодишно присуство на пазарот.

ТВ сапуници биле користени за да се засакаат вакцините

Документи откриваат дека за време на пандемијата, британските власти имале тајни контакти со шефовите на тамошните телевизии за да им предложат во нивните популарни ТВ серии да бидат вметнувани про-вакцинални ставови и реплики бидејќи тоа се платформи кои се корисни за обликување на јавното мислење. Не е првпат да се дознава за вакви политичко-медиумски шеми кои се правеле зад сцената во време на ковидот.

Крис Хеџис: Воено дежа ву

Истите оние кои ни ги продаваа лагите за да ни ги продадат минатите војни, сега се враќаат со истите лаги со кои го преплавуваат медиумскиот простор. Не е важен идиотизмот на нивните аргументи. Мегафоните им се обезбедени. Послушни марионети на воената индустрија, неоконзервативци со мртов мозок и геноцидни ционисти, кои веруваат во магична регенерација на светот преку насилство.

Оти со Америка заврши работа па сега и Иран ќе го правел голем

Додека Иран и Израел продолжуваат да разменуваат воздушни и ракетни напади а САД се подготвуваат за одговорот на Техеран на американскиот напад врз неговите нуклеарни постројки, американскиот претседател Доналд Трамп ја официјализираше идејата за промена на режимот во Исламската Република. Најавувајќи МИГА (Make Iran Great Again), Трамп успеа да внесе раздор во својата МАГА.

Успехот може да те направи послаб

Колку и да беа импресивни резултатите на првиот бран од разузнавачко-воздушниот блиц-криг на Израел против Иран, резултатот е она што до пред некое време беше незамисливо: Техеран секојдневно да го гаѓа Израел во неговите најчувствителни места и области. Краткорочните успеси нема да ја засенат поголемата слика: Иран, па и другите регионални сили како Турција, веќе никој нема да ги разубеди дека не им треба нуклеарно оружје.  

Менувајте пасворди, хакнати се 16 милијарди логирања

Пред неколку дена корисници на Фејсбук, Инстаграм, Гугл и Епл се пожалија дека имаат проблеми со своите сметки а подоцна истражувачи потврдија дека имаме работа со најголемото пробивање на податоци досега, со податоци за неверојатни 16 милијарди најавувања. Да, сосе лозинки. На интернет корисниците топло им се препорачува да ги сменат лозинките и да подигнат ниво на заштита на своите сметки.

Газа, криминали нa векот

Во магазинот Интелиџенсер се појави ретроспектива на настаните во Газа кои недвосмислено укажуваат дека Израел, со поддршка од САД, не само што го распарчи појасот и луѓето кои живеат таму, туку покрај објектите, целосно го урниса и меѓународното хуманитарно право. Ако за ужасите на Холкаустот се дозна дури отпосле, ова во Газа му се случува пред очи на сиот свет.  

ЧетГПТ засекогаш го загади интернетот

Моделите на вештачка интелигенција се обучуваат од податоци кои ги има на интернет. Меѓутоа, откако експлодираа моделите на вештачка интлигенција, тие самите создадоа и оставија на интернет куп содржини и информации. Подоцна, истите модели сè повеќе се хранат со податоци кои самите ги произвеле, што со текот на времето може да доведе до колапс, односно автофагија на моделите на вештачка интелигенција. 

Израелскиот напад ја замолчи иранската опозиција

Иронијата е што засега, војната не ги зголеми туку ги намали шансите на Иранците да го соборат режимот. Само пред неколку недели, земјата вриеше од политички немири, камионџиите штрајкуваа во целата земја, Иранците протестираа против неспобноста на властите да им обезбедат основни услови како што е вода, или пак природен гас кој земјата го има во изобилие. Разбирливо, ништо од тоа сега нема.

Личната жртва на Нетанјаху во нападот на Иран

Давајќи изјава пред една ракетирана и сериозно оштетена израелска болница, премиерот се обиде кај сонародниците да го разбуди прокосот на лондончани од времето на Втората светска војна па посочи на жртвата на своето семејство среде крвта, солзите и потта на своите сонародници кои ги втурна во војна со Иран - морале и вторпат да ја одложат свадбата на синот. Се еба тортата.

Тумор маркери три години пред симптомите

Ново истражување од Универзитетот Џонс Хопкинс откри дека туморите тивко ослободуваат генетски материјал во крвотокот и до три години пред да се појават клиничките симптоми. Откритието, објавено во списанието „Cancer Discovery“, сугерира дека мутациите поврзани со ракот можат да се откријат во примероци од крв многу порано отколку што претходно се сметаше дека е можно.

Западот ја заборави уметноста на стратегијата. Кина и Русија се новите велемајстори

Западот е цел во тактики. Истокот е претежно стратегија. Само погледнете ја историјата на американските воени интервенции после Втората светска војна. Секоја од нив имаше своја краткорочна логика, дури и Ирак. Но, дали тоа ги направи САД побезбедни? Дали го направи светот побезбеден? Дали донесе демократија? Дали некој стана поцивилизиран како резултат на тоа?

Преку југ е побрзо

FlightRadar24 деновиве следеше интересна „трка“ на авиони кога, сосема случајно, два патнички авиона се упатија кон истата дестинација речиси истовремено, но по различни рути. Од Хелсинки до Токио. Едниот имал одбрано траекторија која била 457 километри подолга од оној другиот. Сепак, стигнал саат време порано. 

Америка еднаш веќе сруши иранска власт. Научија ли нешто?

Откако демократски избран ирански премиер најави дека ќе ги национализира богатите нафтени полиња, САД и Британија решија тоа да не го дозволат и организираа пуч со кој го срушија. Го oктроираа Реза Пахлави но подоцна, токму корумпираноста на американскиот избор за лидер на Иран, доведе до Исламската револуција и воспоставување на денешната теократска власт. 

Фицо: За Словачка ќе беше подобро да е неутрална отколку во НАТО

Членката на НАТО, Словачка, би имала корист од неутралноста, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, доведувајќи го за прв пат во прашање членството на оваа централноевропска земја во Алијансата, која во последно време многу брза да билда мускули заради Русија. Фицо смета дека посакуваните таргети за одвојување за НАТО се апсурдни и дека ќар од тоа само ќе има воената индустрија.

Трамп вака сака да му се зборува

Откако им се насра на Тулси Габарт („Не ми е гајле што таа мисли") и „чудниот“ Такер Карлсон, Трамп сподели порака која ја добил од американскиот амбасадор во Израел, про-интервенционистот Мајк Хакаби. Многу, многу бљак. Амбасадорот му вика на својот шеф дека е одбран од Бога и го споредува со ситуацијата во која се наоѓаше Хари Труман пред да ги фрли атомските бомби во Хирошима и Нагасаки.

Ова е Германија во 2025 година

Катја Адлер, до неодамна пратеничка во Бундестагот и една од најистакнатите членови на германската либерална партија ФДП, неодамна на платформата Икс ја објави својата дијагноза за денешното германско општество. Нејзиниот текст предизвика многу реакции, и позитивни и негативни, но интересен е бидејќи бидејќи не ја опишува само Германија, туку и ситуацијата во која се наоѓа цела Западна Европа.

За Запад стварно е небитно дали се пишува Ирак или Иран

Непосредно пред закажаните нуклеарни преговори со Американците, Израел уште во првиот напад го уби главниот ирански преговарач. Кому му одговара тоа освен на Нетанјаху? Ако Запад е загрижен што Техеран работи на збогатување на ураниум, ете му го Трамп. Пред тој да го закопа договорот, Техеран имаше само 3,6% збогатен ураниум. Сега има 60%. Ви текнува како Садам „имаше оружје за масовно уништување“?

Доналд Трамп: Сите веднаш да се евакуираат од Техерен!

Американскиот претседател предвреме го напушти Самитот Г7 и на својата социјална мрежа издаде морничаво предупредување до цивилите во главниот ирански град веднаш да го напуштат Техеран. Следните часови или денови ќе покажат дали ова е најава дека САД директно ќе се вклучат во израелската војна со Иран, иако главното ветување беше дека со него на чело, Америка нема да води бескрајни војни во странство.  

Англичаните рекордно незадоволни од полот кој им се паднал

Анализа на владини податоци покажува дека во Велика Британија се доделени речиси 10.000 сертификати за признавање на посакуваниот пол. За три месеци оваа година се издадени 1.169 такви сертификати кои овозможуваат стекнатиот пол на лицето да биде легално признат и тоа е највисок број откако шемата започна во 2005 година.

Шварценегер: Нето нула е шашма термин

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија го критикуваше папагалското користење на термините климатски промени или нето нула, велејќи дека претпочита да дејствува конкретно и да направи нешто со загадувањето отколку да се вплеткува во „глупав дијалог“ што малкумина го разбираат.

Оваа израелска влада е опасност за Евреите во целиот свет

Ако луѓето од Израел и нивните пријатели ширум светот не издејствуваат владата на Нетанјаху да ги сопре ѕверствата во појасот Газа, Евреите треба да се подготват себе, своите деца и внуци на нешто што досега го немаат искусено: да ги поврзуваат со земја која станала извор на срам а не на гордост.  А еден ден новинари и фотографи ќе влезат таму и ќе го видат ужасот. „Не сакаме да станеме како најлошите од нашите непријатели,“пишува Томас Фридман во Њујорк Тајмс.

Кина ги укинува тарифите за Африка

Среде забревтаната иницијатива на Доналд Трамп да го казни цел свет со тарифи и давачки за нивниот извоз во САД; Кина зазема сосема обратна стратегија. Ќе ги укине сите давачки при увоз на стока од Африка. Нивната трговска размена и онака бележи фасцинантен постојан подем, ова само  дополнително ќе ги засили врските и блискоста меѓу Пекинг и црниот континент.    

Се враќаат рампите во Шенгенската зона без граници

Шенгенската зона беше замислена и воведена за да ги приближи луѓето од Европа, да им ја прошири слободата и да ја олесни трговијата. Луѓето се привикнаа да патуваат без напорни контроли, половина од членките воведуваат гранични контроли за да ја запрат нелегалната миграција. Светот многу се промени од 1985 година, забележува белгискиот министер за внатрешни работи.