За Запад стварно е небитно дали се пишува Ирак или Иран

Непосредно пред закажаните нуклеарни преговори со Американците, Израел уште во првиот напад го уби главниот ирански преговарач. Кому му одговара тоа освен на Нетанјаху? Ако Запад е загрижен што Техеран работи на збогатување на ураниум, ете му го Трамп. Пред тој да го закопа договорот, Техеран имаше само 3,6% збогатен ураниум. Сега има 60%. Ви текнува како Садам „имаше оружје за масовно уништување“?

* Од гостувањето на Мехди Хасан кај Пирс Морган:

Пирс Морган пред неколку дена твитна дека постои „непосредна опасност“ Иран да направи атомска бомба. Во последниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија за Иран (31 мај 2025 година) наведени се бројни критики и забелешки за недоволна кооперативност и транспарентност на иранските инстанци, но се наведува дека нема докази за тековна структурирана програма за нуклеарно оружје.  

Тулси Габард, Трамповиот избор за Директорка за национално разузнување (тело кое ги координира надлежните агенции и тела), во март кажа дека во американската разузнавачка заедница постои консензуално мислење дека Техеран не развива нуклеарно оружје. 

Израел не само што го нападна Техеран туку уште во првиот напад го уби Али Шамкани, главниот ирански нуклеарен преговарач, само два дена пред закажаните преговори со Американците во Оман. Кој има ќар од тоа?

Освен загриженоста за развој на нуклеарно оружје, Израел почна да наведува дека цел на нивните напади е и инфраструктурата за балистички ракети. Колку држави во светот имаат балистички ракети? Сите ли мисли Израел да ги нападне? 

Ако Запад е загрижен заради збогатувањето ураниум во Иран, треба да го обвини Трамп. Тоја го растури нуклеарниот програм во 2018-та година. Тогаш Иран имаше само 3,67% збогатен ураниум и Атомската агенција потврди дека земјата се држи до договорот. Денес Иран има 400 килограми ураниум збогатен на 60%. 

Решението не е да се бомбардира Иран туку да се врати на патеките на договорот за контрола, кој САД и Трамп го уништија.

Сите воени експерти и американски генерали се согласуваат дека постојат само два начина Иран да се спречи да развие атомска бомба: или да влезеш и да го окупираш Иран за сам да ги уништиш сите сомнителни постројки или да ја вратиш таа држава на договорот со кој веќе се имаше согласено, да престане да збогатува ураниум.

Овде, од саат и четири минути.
********

Од Мехди Хасан го имаме и ова:

 

 

17 јуни 2025 - 09:35