
„Господине претседателе,
Бог ве поштеди во Батлер, Пенсилванија (мисли на атентатот - н.з.), да бидете најзначајниот претседател во векот - можеби на сите времиња.
Одлуките што се на вашите плеќи, не би сакал никој друг да ги донесе. Слушате многу гласови, Господине, но има само ЕДЕН глас што е важен. НЕГОВИОТ глас.
Јас сум ваш назначен слуга во оваа земја и достапен сум за вас, но не се обидувам често да бидам во ваше присуство затоа што им верувам на вашите инстинкти.
Ниеден претседател во мојот живот не бил во позиција како вашата. Не од времето на Труман во 1945 година.
Не Ви се обраќам за да ве убедам. Само за да ве охрабрам. Верувам дека ќе чуете од небото и тој глас е многу поважен од мојот или од БИЛО КОЈ друг.
Ме испративте во Израел да бидам ваши очи, уши и глас и да осигурам нашето знаме да се вее над нашата амбасада. Моја обврска е да бидам последен што ќе замине. Нема да ја напуштам оваа позиција. Нашето знаме НЕМА да се спушти!
Вие не го баравте овој момент. Овој момент ве бараше ВАС!
Чест ми е да ви служам!“