
77 годишниот Шварценегер, кој по аналогија со неговиот лик во Терминатор едно време имаше прекар Гувернатор, подоцна стана познат како Зелениот гувернер поради неговите политики за животна средина во текот на неговите осум години на функцијата помеѓу 2003 и 2011 година.
И покрај тоа, мрази да зборува за климатски промени.
„Тоа е булшит термин,“вика Шварценегер.
Практичен човек е тој, вика, дајте да го сопреме загадувањето бидејќи сите знаат што значи тоа. Потсетува дека за проблемите со години само се потпишуваат некои договори кои не значат ништо.
Шверценегер вика да прашате нормален човек што е „нето нула“, нема да знае што да ви одговори. За разлика од загадувањето кое му е јасно, го гледа и го чувствува.
„Зошто да водите дебата за нето нула или за тоа колку процентни поени сте намалиле од 1990 година. Што има врска 1990 година? Глупаво верглање. Ајде да го намалиме загадување за 25 проценти, тоа секому му е јасно“, вели Шварценегер.