
Бројката е повеќе од три пати поголема од онаа во 2019-20 година, кога се дале само 364 сертификати.
Веројатно дел од причините е што во меѓувреме се поедностави процесот за сертификација и беа намалени потребните надоместоци.
Речиси една четвртина од сертификатите доделени во последната година биле за лица родени од 2000 година, а 68 проценти биле за лица родени од 1990 година, што е зголемување од 4 односно 41 процент во однос на 2019-20 година.
Можни се промени во овие трендови и да се намали јагмата по сертификати по пресудата на Врховниот суд дека термините „жена“ и „пол“ во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат на биолошкиот пол, а не на стекнатиот пол. Според пресудата, билошки маж кој станал трансродова жена со сертификат, може да биде исклучена од просторите за жени.