Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Мечка страв, псилоцибин не страв

За психоделичното соединение содржано во некои видови печурки, неодамна е откриено дека ветува за третман на некои невропсихијатриски нарушувања, вклучувајќи депресија, анксиозни нарушувања и посттрауматско стресно пореметување. Помага во флексибилноста на однесувањето и го поттикнува исчеснувањето на стравовите. Не џабе ги викаат магични печурки. 

Европската младина губи верба во демократијата

Едвај нешто повеќе од половината млади во Европа се уште веруваат дека демократијата е најдобрата форма на владеење. Една петтина би прифатиле автократска власт. Мнозинството е убедено дека Европската Унија премногу се занимава со тривијални прашања, како климатската агенда, наместо да се посвети на суштинското - да обезбеди поквалитетен живот, безбедност и економски раст.

Мозок навлечен на ВИ лесно затапува

Користењето на вештачка интелигенција ја зголемува ефикасноста, но на долг рок може да ги ослаби меморијата, креативноста и оригиналната мисла. Нова студија од МИТ крева тревога дека прекумерна употреба на генеративни алатки како ChatGPT го затапува умот. Авторите потсетуваат дека и мозоците, како и телата, имаат потреба од редовни тренинзи за да останат во форма. 

Британските менија добиваат берзантски цени

На британската ресторантска сцена се најавува нешто што веќе познато од концертите. Цената да се одредува динамички,  во зависност од побарувачката. Ако ви е јаде кога на сите им се јаде, ќе платите поскапо. За поевтино, ќе дојдете во бош време. Тамошните угостители признаваат дека најголем проблем сепак им се оние кои ќе фатат маса за цело време да прават фотки за Инстаграм. 

Како големата фармација закопа надежен лек

Слично како и ивермектинот, во битката за профит настрада и диметил-сулфоксидот, кој пред половина век беше прогласен за медицинско чудо поради способноста да ја смири хроничната болка и да помага при разни болести. Но, фармацевтските компании не можеле да го патентираат, па тргнаа во војна против евтиното средство што ги загрозува нивните скапи и профитабилни лекови.

Зачнување на нов проблем со ковид вакцините

Проверувале податоци за 1,3 милиони жени од Чешка, кои пред зачнување биле невакцинирани или вакцинирани за ковид. Утврдиле дека стапката на зачнувања кои воделе до успешно родени деца била, на 1.000 лица, далеку помала кај оние кои примиле вакцина против ковид - 19.   

Стаса време за депортирање Сиријци од Европа

Австрија објави дека ќе го депортира во матичната земја првиот сириски мигрант. Тоа со огромен интерес го следат другите европски земји, кои во изминатите години примија речиси 1,7 милион Сиријци, а не можеа да ги депортираат ни криминалците меѓу нив, зашто беа заштитени како бегалци. Сега се смета дека не се под закана, бидејќи е соборен режимот на Асад од кој побегнаа.

Сончев систем, добри гости ти дојдоа

Астрономи открија небесно тело од друг ѕвезден систем што талкајќи низ галаксијата упаднал во Сончевиот систем. Сега е на далечина до Јупитер, ќе протатни близу до Марс, но нема да ја загрози Земјата. Од далеку личи на комета. Поради брзината на „натрапникот“, нема да може да го пресретнеме и потемелно да истражиме дали содржи аминокиселини, кои се основните коцки за создавање живот.

Свеста е квантен процес преку кој сме поврзани со целиот универзум

Нашите умови ги чувствуваме како многу приватни и уникатни за секој од нас. Но, истражувачи се на трага на идејата дека нашата свест можеби е поврзана со нешто многу поголемо. За да не го викаме тоа Господ (пошто звучи многу ненаучно), рамката на оваа идеја е сместена во областа на квантните процеси, поточно феноменот познат како квантно вплеткување. 

Новиот климатски план на ЕУ е општо лудило

И конзервативците и екологистите жестоко го критикуваат новиот климатски план на Европската комисија за 2040 година. Едните тврдат дека преамбициозните и неостварливи цели ќе го зголемат товарот врз економијата и граѓаните, давајќи им предност на САД и Кина. Другите се жалат дека не е доволно строг и дека е разводнета веќе прифатената цел за намалување на емисиите на CO2.

ФДА одобрува лекови без докази дали дејствуваат

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) одобрила стотици лекови без докази дека делуваат, дури и некои што предизвикуваат штета, покажува новинарска истрага. Соочена со политички и индустриски притисок, ФДА ги напушта стандардите за да стигнат лековите побрзо во аптеките. Несакани ефекти од лекови издадени на рецепт сега се меѓу трите главни причини за смрт во светот.

Дремката го забавува стареењето на мозокот

Научници од неколку универзитети открија потенцијална врска помеѓу редовното дремнување и здравјето на мозокот. Нивните наоди сугерираат дека оние човечки „само да дремнам на кратко“ помага да се одржи мозокот млад. Разликата воопшто не е за потценување. Виталноста на мозокот на оние кои сакаат да дремнат преку ден е најмалку 6 години подобра од останатите.

За Амазон работат милион роботи

Џеф Безос најде начин како да ги смири протестите од вработените. Наместо да им ја олесни работата, ги заменува со машини. Не оти и досега Амазонците многу се разликуваа од роботи. Немаа право ни на пауза за тоалет, па си носеа шишенца за мочање. Машините работат неуморно, не бараат поголема плата, не губат време по одмори и боледувања, не се организираат синдикално и не се бунат. Сè уште не.

Канабис наместо во вселената заврши во океан

Невообичаен товар од семе од канабис, габи, алги, човечка ДНК и пепел од кремирани тела заврши во Пацификот наместо во орбита околу Земјата. Со тоа пропадна обидот за тестирање на индискиот коноп како растение со голем потенцијал да помогне во вселенски мисии, особено за да им обезбеди материјал, лекови и многу други нешта на астронаути што ќе градат колонии на Марс.

Иран е решен да го минира Персискиот Залив

Иранската морнарица за време на судирот со Израел натоварила подводни мини на бродови за да го блокира транспортот низ Ормуз, протокот до Персискиот Залив низ кој поминува една петтина од глобалната трговија со нафта и гас. Американскиот удар врз нуклеарните капацитети на Иран ја крена цената на нафтата за 10%. Блокадата на Ормускиот теснец би предизвикала светски хаос.

Политичка битка за разладување на Французите

Во денови кога Франција гори од топлотниот бран со температури над 40 Целзиусови степени, властите го отфрлија барањето на десничарската лидерка Марин ле Пен за масовно инсталирање клима-уреди во училиштата и јавните установи низ земјата. Аргументот на властите е дека климите ослободуваат топлина што ги загрева улиците и им го прави животот пекол на комшиите.

44 кражби не се „доволно екстремни“ за депортација од Британија

Наместо да биде депортиран, албански мигрант со дебело криминално досие доби право да остане во Британија. Трибунал оценил дека речиси 50 пресуди за грабеж и провали „не се доволно екстремни дела што би ја револтирале британската јавност“. Може само да се нагаѓа каде е границата за „екстремно“. 100? 200? Згрозени од вакви пресуди, и власта и опозицијата бараат итни реформи.

Уапсени новинари и насилни протести поради карикатура во турскиот Шарли Ебдо

Четворица новинари од турското сатирично списание Леман се уапсени поради карикатура на која наводно е прикажан пророкот Мухамед. Главниот уредник попусто се извини и објаснува дека на карикатурата не е прикажан Пророкот, туку жртва на израелско бомбардирање. Полицијата едвај ја запре групата религиозни демонстранти што го нападна седиштето на Леман и повика на „одмазда“.

Морињата биле и три метри повисоки од сега

Ново истражување ја оспорува хипотезата на климатските активисти дека глобалното затоплување е предизвикано од јаглерод диоксид. Науката вели дека тоа е природен циклус. Нивото на морето било многу повисоко пред 6.500 години бидејќи било многу потопло и се топеле поларниот и глацијалниот мраз. Оваа природна осцилација се случувала при многу ниски нивоа на CO2.

Кенеди: Властите скриле студија за вакцините и аутизмот

За 1.135% бил поголем ризикот за аутизам кај бебињата во САД вакцинирани против хепатитис во споредба со оние што не биле вакцинирани, покажало истражување на Центрите за контрола и превенција на болести. На здравствените власти не им одговарале резултатите од сопствената студија, па манипулирале со податоци за да ја прикријат вистината, тврди министерот за здравство на САД.

Ози Озборн крепи алкохол заради генетска мутација

По 40 години употреба на тешки дроги и алкохол, неколку блиски средби со смртта и општо јако нездрав живот, Ози Озборн реално требаше досега да биде мртов. Со децении има пиено по 2-3 литри вотка и Хенеси дневно, па сепак, таа брлива олупина уште е жива. Денес мажите ќе каснат едно благце и после ќе замараат дека си ја упропастиле кетозата и дека ќе мора да почнат сè одново. Ц ц...

Ем мост до Сицилија ем платена членарина за НАТО

Соочени со огромниот финансиски товар што Трамп им го наметна на членките на НАТО, владини функционери во Рим планираат како „трошок за одбрана“ да подметнат амбициозен инфраструктурен проект што го планирале Берлускони, Бенито Мусолини, дури и старите Римјани. Да се изгради мост од 13,5 милијарди евра што би ја поврзал италијанската „чизма“ со Сицилија. 

Американци без кинески ретки минерали може да издржат уште три месеци

Откако Трамп ѝ објави трговска војна, Кина строго го ограничи извозот на ретки минерали и магнети, кои се клучни суровини за индустријата за автомобили, авиони и медицинска опрема. Постигнат е нов дил со САД, но Пекинг го кочи извозот со бавни бирократски процедури за издавање лиценци. Американски компании се жалат дека им останале резерви за само три месеци.