Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Кина не дозволува Панамскиот канал да заврши кај Американците

Пекинг може уште повеќе да го зголеми своето влијание врз сообраќајот низ двете клучни пристаништа на Панамскиот канал, кои му беа ветени на американскиот инвеститор БлекРок. Хонконшкиот приватен сопственик што ги продава пристаништата се премисли и сега инсистира во групата купувачи да биде и Коско, компанија што е под целосна контрола на кинеските власти.

Наместо да воведува ред, британската полиција ќе го крие нередот

Британски детективи денес изгубија секаква допирна точка со Шерлок Холмс. Наместо да патролираат, да решаваат криминални случаи и да гонат убијци, наредено им е да бараат и да цензурираат антиимигрантски пораки и повици на протести по социјалните мрежи. „Дволичниот Кир не може да ги контролира улиците, па се обидува да ги контролира мислењата“, обвинува опозицијата.

Ќе направи ли ЕУ било што за Газа?

Десетици европратеници од разни политички блокови се здружија во притисок врз Европската комисија конечно да преземе решителни мерки против владата на Нетанјаху и барем да се обиде да ја спречи хуманитарната катастрофа во Газа. Бараат од ЕУ со дејства, а не само со зборови, да ги брани основните вредности што ги промовира пред светот: „Времето за морален кукавичлук заврши“.

Откриени цревните бактерии одговорни за мултиплекс склероза

Меѓу стотиците разни видови бактерии во цревата, научници од Минхен откриле две за кои веруваат дека предизвикуваат мултиплекс склероза. Тоа овозможува да се развијат третмани насочени за прецизно елиминирање на двете бактерии за да се спречи прогресија на болеста, а не да се уништува целиот микробиом, што може да има поголема штета отколку корист.

Малку спиење е нездраво, ама и претераното може да биде смртно опасно

Нови и нови истражувања потврдуваат дека спиењето, покрај исхраната и активноста, е суштински столб на здравјето, ако можеме да си го дозволиме по 7 до 9 часа на ден. Несоницата и немирниот сон се лоши за мозокот, срцето, кожата, дури и за сексуалниот нагон. Но, опасно е и да се претера. Нова анализа открива врска помеѓу предолго спиење и зголемен ризик од прерана смрт за 34%.

Скришно планирале да ни го помрачат Сонцето

Истражувачи поддржани од милијардери, тајно планирале геоинженерски проект од пренаменет носач на авиони да создадат вештачки облаци кои со својата сенка би го спречиле глобалното затоплување. Локални власти лани им го пресекле планот во старт. Тоа, всушност било само пилот-проект за многу поголема операција, да создадат облаци со површина колку третина Македонија.

Кина го крева наталитетот со бебешки додаток од 500 долари

За да ја амортизираат популациската катастрофа од повеќедецениската политика „едно дете“, комунистичките власти на Кина сега им даваат на семејствата помош од по 500 долари годишно. Сумата едвај може да ги покрие трошоците за пелени и без посериозни структурни иницијативи тешко дека ќе ги охрабри Кинезите имаат повеќе деца, чие израснување до матура ќе ги чини 75.000 долари.

Нето-нулата може да ја уништи цивилизацијата

Наспроти доказите дека климатските промени не се толку опасни колку што се прикажуваат, политичарите упорно со нив ја плашат јавноста за да протуркаат скапи кампањи што ниту една економија не може да ги издржи, тврди влијателниот британски новинар Мет Ридли. Тој вели дека пресвртот во политиката на Трамп ќе биде голем тест дали светот треба да ги напушти нето-нула целите.

Не морало 10.000 чекори, доволно биле 7.000

Науката ја скрати препорачаната километражата што секој човек би требало да ја препешачи на ден за да го одржува здравјето. Оние 10.000 чекори на кои нè тераат апликациите на телефоните се заокружена бројка извлечена од ракав, без докази. Науката вели: доволни се 7.000 чекори. Го преполовуваат ризикот од прерана смрт во споредба со 2.000. Битно е да се пешачи, кој колку може.

Гугл грешно ги предупредил Турците за катастрофалниот земјотрес

Дури сега, две и пол години по катастрофалните земјотреси во Турција во кои загинаа десетици илјади луѓе, Гугл призна дека потфрлил системот што требало автоматски да испрати предупредување до милиони луѓе и да им даде доволно време за да се засолнат. Многу земји се потпираат на системот АЕА, верувајќи слепо на технологија што не е доволно тестирана.

Британците Арифи, Џафа и Шакиби групно силувале жена во Сплит

Хрватска јавност деновиве е шокирана од бруталноста и дрскоста на едно сексуално силување што на девојка во еден хотел ѝ го приредиле „тројца британски државјани.“ Идентификувани се како Ами Арифи (28), Гезим Џафа (28) и Сохиб Шакиби (24). Згрозени се и Британците, кои со децении трпат злосторства од албанските банди, кои ги контролираат проституцијата и трговијата со луѓе.

Лондон им дал азил на талибанци со британска крв на рацете

Британските власти имале добра причина зошто четири години не дозволувале да се спомне ни збор за тајната операција за згрижување десетици илјади Авганистанци. Меѓу луѓето што добиле азил има многумина талибанци, џихадисти, злосторници, кои корумпирани службеници во Кабул ги запишувале како блиски роднини на вистинските соработници на британските трупи.

САД и ЕУ имаат трговски договор

После неколкумесечна неизвесност и опасност од непредвидлива трговска војна меѓу двата економски блока, Доналд Трамп и Урсула фон дер Лајен постигнаа договор. Базичната линија на царинење на европскиот извоз во САД е утврдена на 15 проценти. Многу стоци милијарди ЕУ ќе мора да дава за енергенси од САД.

Ти ѝ бараш да кодира, ВИ ти брише бази на податоци

Агент за кодирање со вештачка интелигенција од Replit избришал активни база на податоци иако тоа му било строго забрането. Инцидентот е големо предупредување за софтверските компании што ги заменуваат програмерите со машини. Јазичните модели сега не се користат само како алатки за помош, туку им даваат говорни насоки и им даваат целосна доверба да ја извршат задачата до крај.

Маск им ја запрел големата контраофанзива на Украинците

Преземајќи си улога на „господар на војната“, Илон Маск во 2022 година наредил да се исклучи пристапот на неговите сателити до Херсон за да ги остави украинските сили без комуникација и така да ја запре нивната голема контраофанзива за ослободување на окупираните територии, тврди Ројтерс. Наводно се исплашил од заканите од Путин дека Русија ќе возврати со нуклеарно оружје.

Јаглероден пасош ќе ни ги ограничи патувањата

Притиснати од строгите климатски политики, европски земји сериозно планираат да воведат „јалеродни пасоши“ со кои секој човек ќе добие годишни кредити за патување, врз основа на километражата и превозното средство. На пример: два лета до Њујорк и назад би ги потрошиле сите кредити. Ќе има уште построги ограничувања за крстосувања со брод, а се препорачуваат тури со воз и автобус.

Ментално неподобни Украинци служат војска

Чести паузи во меморијата, дезориентација, конфузија околу бројките и боите – ова се секојдневните проблеми на 28-годишниот Васиљ од централна Украина. Од 2015 година е на психијатриски третман за растројство на личноста. Но, тоа не ги спречило украинските вооружени сили да го повикаат на воена служба и да му дадат оружје.

Вакцините против ковид спасиле многу помалку животи отколку што кажува СЗО

Наметнатото вакцинирање на сите луѓе по секоја цена не спасило ни од далеку толку животи колку што тврди Светската здравствена организација, покажува ново истражување. Полза од вакцинирањето имале само постарите лица, додека младите непотребно биле изложени на ризик. Агресивните мерки и фанатизмот за вакцинирање беа лоша идеја, заклучуваат истражувачите.

Кинезите и царините го заковаа европскиот челик

Глобалниот пад на цените поради зголеменото производство од Кина и високите царини што ги наметна американскиот претседател Трамп го направи производството на челик неисплатливо во Европа. Се затвораат погони и се укинуваат работни места, но ниедна земја не сака да престане да го произведува суштинскиот материјал за нејзината економска и национална безбедност.

Обама лично ги наредил лажните извештаи за да се оцрни Трамп?

Главната обвинителка Пам Бонди ќе формира специјална група за да истражи колку длабоко поранешниот претседател Барак Обама заглавил во обидите да му го подметне „руското мешање“ во кампањата на Доналд Трамп во 2016 година. Тулси Габард пред една недела тоа го опиша како „предавнички заговор“. Сега објави нови папки со докази и побара кривично гонење на Обама.

Дебело сме ја потцениле моќта на Сонцето

На своја кожа чувствуваме колкава е силата на Сонцето, но научниците мошне веројатно ја потцениле неговата магнетна моќ. Ново истражување покажува дека и најсовремените инструменти на НАСА регистрираат едвај половина од магнетното зрачење. Тоа е важно за да се спречат катастрофални последици од сончевите бури врз сателитите и електричната мрежа на Земјата.

Заврши кратката авантура на Онлифанс во Кина

Кина го блокира пристапот до OnlyFans, наведувајќи го како „закана за националниот морал, културните вредности и општествениот поредок“. Прашање е како оваа платформа на која главно се споделуваат порно содржини од домашна изработка, воопшто се протнала преку строгите кинески цензури кои одамна ги забранија и побезопасни канали како Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм. 

Прележале ковид или не, пандемијата ни го остарела мозокот

Пандемијата, со сите стресови од затворање по домовите, наметнувањето маски и одржување растојание, откажувањето спортски, културни и естрадни настани... практично целосното уништување на социјалните навики, оставиле белези врз мозокот на сите луѓе, без оглед дали прележале корона. Мозоците ни старееле побрзо. Сè уште е рано за да се утврди дали последиците се долготрајни.