Лондон им дал азил на талибанци со британска крв на рацете

Британските власти имале добра причина зошто четири години не дозволувале да се спомне ни збор за тајната операција за згрижување десетици илјади Авганистанци. Меѓу луѓето што добиле азил има многумина талибанци, џихадисти, злосторници, кои корумпирани службеници во Кабул ги запишувале како блиски роднини на вистинските соработници на британските трупи.

Талибанци со „британска крв на своите раце“ се протнале меѓу илјадниците Авганистанци што со воздушен мост биле префрлени во Британија.

Тие се бореа против британските сили и убија многу Британци, но сега се хранат од Британци во Лондон. Тие имаат британска крв на своите раце, изјавил за Телеграф поранешен висок авганистански функционер.

Во Британија тајно биле префрлени околу 6.900 Авганистанци во рамките на операцијата Рубифик, наредена откако службеник по грешка ги споделил на интернет списоците на 25.000 лица – преведувачи, информатори и други соработници - кои аплицирале за шема за евакуација, за да не бидат изложени на одмазднички егзекуции од талибанците.

Право на згрижување во Британија имале и членовите на нивните семејства. Ова го злоупотребиле сè уште неутврден број џихадисти и криминалци, лажно претставувајќи се како блиски роднини преку корумпирани службеници во Кабул.

Во нашата канцеларија имавме цивили со јасни врски со талибанците. Беа претставени како членови на семејства, како братучеди, и тие веќе се во Британија, изјавил авганистанскиот службеник. 

При составувањето на списокот за евакуација, британскиот персонал често пати се потпирал на консултации и препораки од корумпирани авганистански службеници. Министерството за одбрана веќе потврди дека имало соработници за кои било дозволено со себе во Британија да пренесат уште 20 лица пријавени како членови на потесното семејство.

На Телеграф му биле откриени имиња на четворица талибанци за кои се знае дека се згрижени во Британија. Еден поминал четири години во затвор зашто крадел оружје од коалициските сили и им го продавал на талибанците. Бил ослободен од затвор непосредно пред повлекувањето на сојузничките сили. Друг бил обвинет за сексуално злоставување службенички. 

На барањето да ги коментира случаите, портпарол на Министерството за одбрана изјави дека „процесот на проверка не се потпирал само на препораки, туку вклучувал и проверки на биографијата и на документите“. Но Роберт Кларк, резервист што работел на шемата за префрлање, вели дека целосната проверка на лицата тајно донесени во Британија сè уште не е завршена.

Ќе има значителни импликации за националната безбедност, разузнавачките служби и полицијата ако не се спроведат соодветни проверки на биографијата за да се утврди дали поединци биле радикализирани или одржувале врски со терористи, предупредува Кларк. 

******
Види и: Како Британија го криеше имејлот од 6 милијарди фунти

28 јули 2025 - 07:39