
Истражен судија во жупаниски суд им одредил едномесечен притвор на тројца британски државјани со косовско потекло затоа што групно силувале и мачеле 28-годишна сплиќанка.
Жената изјавила дека ја прифатила поканата на еден од обвинитите да дојде во неговата соба во туристички хотел, но таму ја чекале уште двајца и физички ја нападнале. Жената се спротивставила, но ѝ го одзеле телефонот, и под закана ја принудиле на сексуални односи. Притоа ја навредувале и ја гризеле по телото.
Откако два часа била групно силувана и мачена, успеала да му се јави на пријател, кој повикал полиција. Еден од осомничените бил приведен во хотелот, а набргу потоа и другите двајца. Осомничените негирале каква било вина и тврделе дека сè се случило без никаква принуда.
Судијата одбил да прифати кауција од 30.000 евра. Им одредил притвор поради ризик од бегство бидејќи осомничените се државјани на Британија, која не е членка на ЕУ. Тие се обвинети за тешко кривично дело против сексуалната слобода, за кое според хрватскиот кривичен закон може да добијат казна од шест месеци па до десет години затвор.
Од вкупно 56.000 Албанци во Британија, 1.280 се затворени за разни кривични дела, врз основа на достапните податоци од Министерството за правда што ги опфаќаат само оние кои имаат пасоши од Албанија и Косово. Стапката на затворање е седум пати повисока од просекот за британските граѓани и до 25 пати повисока од онаа на други националности како што се Германците или Италијанците.
Проблемот со сексуалните напади и проституцијата - криминален бизнис целосно контролиран од Албанците - во Британија беше пријавен уште во раните 2000-ти од инспекторот Пол Холмс од Метрополитен полицијата. Тој оцени дека 70-75% од жените што работат во бордели се Албанки.
Жените се контролирани од организирани криминалци. Тие веруваат дека откако ќе ги исплатат долговите, ќе можат да заработат добри пари за себе. Реалноста е многу поинаква. Во најдобар случај, тоа е безмилосна експлоатација. Во најлош случај, тоа е секојдневно силување. Албанските проститутки се плашат да сведочат против своите макроа поради закани за одмазда врз нивните семејства, забележува Холмс.
******
Види и: 1 од 50 Албанци во Британија е во затвор