Втори се Албанците од Косово.
Следуваат Виетнамците, Алжирците, Јамајканците, Еритрејците, Ирачаните и Сомалијците.
Анализата сугерира дека стапката на затворање на странски државјани е за 27% повисока отколку на британски државјани. На 10.000 луѓе, 18,2 странци се зад решетки, наспроти 14 Британци.
Најмалку ѓанси да се во затвор се државјаните на Германија, Италија, Индија, Грција, САД, Шри Ланка, Франција и Кина.
Ова е прва анализа од ваков тип која сепак не се влегува подлабоко околу тоа за какви типови на криминали се работи.
„Срамно е што владата не дава повеќе информации на оваа тема,“ велат од британската опозиција.
Телеграф ја има составено ваквата табела благодарејќи на протечени податоци од министерството за правда, кои покажуваат дека има 10.435 странски државјани во затвори во Англија и Велс во споредба со 76.866 британски државјани.
Стапката на затворање Албанци било 232,33 на 10.000 луѓе - или еден од 50.
Анализата веројатно ја потценува вкупната албанска популација на отровот бидејќи не ги смета оние кои на црно успеваат да влезат преку Ла Манш а само во 2022 година ги имаше 12.000.