Вести

Дата-центарот на копно, работниците на пловечки затвор

Инвеститорот на огромен центар за податоци во Норвешка, еден од најголемите во Европа, изнајмил голем брод што порано се користел како пловечки затвор за да ги смести накнадно ангажираните градежни работници. Изградбата на комплексот за кинеската компанија ByteDance веќе доцни шест месеци поради проблемите со наоѓање доволно работници.

Германија троши милијарди евра за странци кои не работат

Речиси две третини од корисниците на социјална помош во Германија имаат мигрантско потекло – многумина и откако ќе добијат државјанство. Државата за нив издвојува над 20 милијарди евра годишно и троши многу повеќе за домување, образование и интеграција. Ако веќе примаат помош, АфД бара и да работат, макар и по 15 часа општествено-корисна работа неделно.

Франција гори од токсична улична коалиција

Француската левица полека, но сигурно, му го сврте грбот на „продуктивниот работник“ и влезе во токсична коалиција со наводно угнетените: лути млади, мигранти, бездомници, муслимани. „Посипете малку радикален ислам и овој сојуз од луд станува смртоносен“, пишува Брендан О'Нил.

Речник

Златна треска во Полска

Владата на Полска почна кампања со која им нуди високи награди на аматерските трагачи по богатства ако пронајдат вредни историски предмети. Се очекува за детектор за метал и за лопата да се фатат до 200.000 луѓе. Археолози предупредуваат дека златната треска може да предизвика измами и штета од над милијарда евра.

Русија шири свој „старлинк“ над Украина

Во критично време кога Илон Маск и Доналд Трамп им го ограничија пристапот на украинските сили до системот Starshield, Русија го привиршува комплетирањето на сопствена сателитска мрежа над Украина. Досега лансирала 32 сателити. Кога ќе стигне до 300, ќе може во реално време прецизно да управува дронови и ракети врз целата територија на Украина.

Како Макрон Антоанета ја изневери Франција

Во петокот вечерта, додека Франција се подготвуваше за нови насилни протести кои ја разнишаа земјата, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит беа во ВИП-ложата на концерт на Селин Дион во Нантер. Ова беше еден вид „момент на Макрон-Антоанета“, кој доминираше на социјалните мрежи додека светот гледаше како хаосот се шири низ земјата.

Најдени во преводот

Познавањето два јазика не гарантира дека се владее и преведувањето. Тоа е професионална вештина која бара постојано усовршување а важноста на преводот обично станува јасна кога работите ќе тргнат на лошо. Избор од дебели утки со далекусежни последици. 

2013-та низ цитати на познати лица од...Нигерија

Само вие смејте се, не сте свесни колку - по лудило - сме ние братска земја со Нигерија.

Може ли Александар Македонски да го победи Џингис Кан во битка

Армијата на едниот наспроти армијата на другиот, со она што секој од нив располагал во свое време. Разликата меѓу овие две армии е над 1.000 години технолошки и воен напредок.

Што можело да се купи со месечна плата во СССР

Сведоштвото е на Михаил Иосел кој по завршување факултет се вработува како инженер во Одделот за надзор и демагнетицзација на подморници во еден институт во Ленинград. Првата плата како почетник инженер му е 120 рубљи. Во периодот од 1979-та до 1981-ва, со овие пари тој можел да си го дозволи следното:

Како Iron Maiden заработи од пиратите

Бендот собрал прецизни податоци за тоа во кои места најмногу е пиратирана нивната музика. Но, не за да се ебаваат по судови и да тужат туку за да знаат каде да закажат концерти. Заработиле милиони.

Дали во Средниот век функционирал Комуналец?

Сликата како мажи и жени истураат нокшири од прозор на сред улица е комплетно неточна, како и добар дел од другите идеи за она што се случувало во Средниот Век.

Рекламите што ги забранија во 2013-та

Најголемо зло што може да и се случи на реклама е голотија или да ги лаже муштериите, заради што никогаш нема да биде покажана на телевизија или во некоја официјална кампања.

Има ли ќар од згоден ЦЕО?

За време на првата претседателска дебата во 1960-та Никсон изгледа толку истоштен што мајка му се јавува за да праша дали е добро. Во исто време Кенеди изгледа како Кенеди. По завршувањето телевизиските гледачи го прогласуваат Кенеди за победник.

Кучињата нè сконтаа

Кучињата веќе толку добро не разбираат што можат да предвидат што следно ќе направиме. Нивната способност да нè читаат се засилува со секоја нова генерација и не зависи воопшто од тренинг.

Капитални инвестиции во памет

Оваа година германските фирми инвестирале рекордна сума во истражување и развој. Цели 54 милијарди долари, веројатно како поука извлечена од последната финансиска криза.

Како ја грешиме со цената на половните автомобили

По основа на анализа на продадени 22 милиони половни автомобили излегува дека за секоја заокружена 10-илјадарка на километражата, цената на автомобилот паѓа не пропорционално многу.

Војната во 2013-та

50.000
Приближниот број на луѓе убиени годинава во граѓанската војна во Сирија.

500
Приближниот број на уништени владини тенкови од бунтовниците во Сирија во 2013-та.

ЕУ тужи на ангро

Само против Обединетото Кралство, Брисел има поднесено речиси 50 судски тужби за прекршување разно-разни правила на ЕУ, од увоз на лук па до детски играчки. Градоначалникот на Лондон вели дека не гледа причина да се останува во Унијата.

Тивко да полудиш

Во оваа празнична бучава, најтивката соба на светот може да звучи (!) примамливо. Само треба да знаете дека во неа никој не издржал повеќе од 45 минути

Преку Гугл-от веќе!

Гневни околу сите погодности што им ги нудат на своите вработени, а во меѓувреме комплетно ги избегнуваат локалните и сојузните даноци, група демонстранти со камења нападнаа автобус на Гугл пол со вработени.

Зошто Величе не стана голем фудбалер

Колку ти е поретко името толку ти се поретки шансите да успееш во живот, плус тоа генерално ќе има негативен психолошки ефект. Ова е резултат на истражување од 1948-ма. Од тогаш до денес, ништо не е сменето.

Фудбалот е одлична забава и ужасна инвестиција

Средината на 2011-та е последен пат кога вредноста на акциите на европските фудбалски клубови била на исто ниво со глобалниот индекс на берзите. Од тогаш тие постојано паѓаат. Денес се на половина.

Како се калеа кинеските телохранители

Се ова што понатаму ќе го видите е дел од обука во приватна академија за телохранители, во која кандидатите влегуваат по сопствено барање и за која плаќаат пари.

На шанкот црн народ

Во француски кафеа да ја вратиш чашата од која си пиел кај шанкерот се смета за фин манир. Сè додека едно кафуле не било спржено со казна од преку 10.000 евра бидејќи органите ова го процениле за непријавена "работа на црно".

Махери во "Mалери на годината"

Можеби затоа што завршуваше со „13", на некои луѓе годината што изминува навистина им беше малер. Еве ги оние кои неферски се стигматизирани како „лузери", а всушност едноставно имале помалку среќа.

Многу е веројатно дека ќе купите глуп поклон

Нашата желба да купиме уникатен подарок ќе доведе до тоа да купиме подарок во кој луѓето нема толку многу да уживаат. Ова е на научна база.

Порното во 2013-та

Според бројките на Порнхаб во 2013-та кај нив на сајт секој час имало по 1,68 милиони посети. Со други зборови, не сте сами.

Планот на Т-мобиле за доминација во САД

Во потег кој може да биде сериозно болен за останатите мобилни оператори во САД, Т-Мобиле САД планира да почне да ги плаќа пеналите за предвремено раскинување договор на сите корисници што сакаат од конкуретен оператор да се префрлат кај нив на мрежа.

Хилари Клинтон за абортусот

Републиканскиот конгресмен веројатно си помислил: "Сега ќе ја напнам за дефиниции, таму се тенки". Наравоучение: На Хилари Клинтон не и се поставува прашање ако не си спремен да го поднесеш нејзиниот одговор.