Може ли Александар Македонски да го победи Џингис Кан во битка

Армијата на едниот наспроти армијата на другиот, со она што секој од нив располагал во свое време. Разликата меѓу овие две армии е над 1.000 години технолошки и воен напредок.

Челик

Железото станува челик кога ќе биде изложенo на точно одредена количина на јаглерод. Ова го засилува доволно за да има остро сечило, а во исто време да не биде кршлив. Во времето на Александар уште не се знаело за челикот или пак бил неверојатно редок (има несогласувања околу ова прашање). Во времето на Џингис Кан, тој е масовно произведуван за вооружување и како оклоп.

Војската на Александар претежно носела оклоп од пресувано платно, а делумно бил изработен од бронза и железо. Оклопот бил доволно добар против железното оружје од тоа време.

Војската на Џингис Кан носела оклоп од повеќеслојна свила, лакирана кожа и челик. Тие имале и челични мечови, челични копја и стрели со челичен врв.

Седла и узенгии

Овие две откритија и покрај тоа што се важни за јавањето коњи често пати се земени здраво за готово. Јавањето без добро седло значи дека целата твоја тежина е директно на грбот на животното. Со добро седло, тежината е дистрибуирана на поголема површина на коњот. Ова го прави целото искуство попријатно за коњот и ја зголемува неговата издржливост.

За коњаникот ова значи поудобно седење, поглед од повисоко и подобра поддршка на грбот.

Подобрата стабилност од седлото и узенгиите значи:

- Дека можеш да носиш потежок оклоп без страв дека ќе паднеш од коњ.
- Можеш да јаваш побрзо без страв дека ќе паднеш од коњ.
- Можеш со цела сила да го зариеш копјето во некој војник, пренесувајќи ја тежината на узенгиите, без страв дека ќе паднеш од коњ.

Барут

Џингис Кан бил најдлабоко запознаен со кинеските оружја (ако се има во предвид дека цел живот го потрошил борејќи се против нив.) Кинеските војници користеле огнофрлачи, шрапнел бомби и пушки со задно полнење. На врвот на владеењето Џингис Кан ја поразува северната кинеска династија Џин и ја асимилира нивната тешка коњица и вооружените сили.

Ако се има ова во предвид, еве како би се развивала битка според она што имаат војниците на Александар и како Џингис Кан би се борел против нив:

Македонската фаланга

Во времето на Александар во војните доминира збиена пешадија вооружена со долги копја. Оригиналното име на огнофрлачот што го создале Кинезите е - јуришник на фаланги. Кинезите сфатиле дека имаат оружје кое исфрла оган и кое е одлично во уништување на густи групи од непријателски војници. Фалангата исто така е слаба и на крилата, бидејќи нивната формација предвидува дека секој војник е координиран со војникот пред него. Дури и без барутот, Монголците можеле да ја нападнат фалангата преку крилата, заобиколувајќи ги качени на коњи и стрелајќи од своите лакови.

Македонската коњица

Нивен најголем недостаток се стабилни седла и узенгии, што значи дека не можат да се дадат на полн јуриш, а притоа да не ризикуваат дека ќе паднат. Во овој период речиси и да не е чуено за оклоп за коњ.

Коњицата на Џингис Кан била составена од лесни стрелци, па се до коњаници во тежок оклоп. Ако коњицата на Александар ја брка лесната коњица, тие би биле надманеврирани додека во исто време кон нив ќе се истураат стрели. Ако тие тргнат кон потешките коњаници, прво ќе треба од далечина да се соочат со стрели, за кога ќе се доближат до непријателот да се борат со своите железни оружја против челичен оклоп. Или да чекаат контра-напад од војници кои можат да се движат многу побрзо и да зададат поголем удар за време на јуриш (заради седлата) и да имаат поголема мобилност со оружјето. Тука е и факторот војсководец. Иако Монголците на Џингис Кан се далеку посериозно организирани отколку Македонците на Александар, тие можат и да координираат комплексни маневри без потреба од директно присуство на Џингис Кан (додека на Македонците им требал Александар да биде со нив).

Згора на се ова, мнозинството од војската на Александар е пешадија, а спроти нив е најпознатата коњица во историјата.

Победник: Џингис Кан.

За перспектива околу разликата во напредокот во оружје - од Џингис Кан до денес е пројдено помалку време, отколку од Александар Македонски до Џингис Кан.

 

26 декември 2013 - 19:03