Војната во 2013-та

50.000
Приближниот број на луѓе убиени годинава во граѓанската војна во Сирија.

500
Приближниот број на уништени владини тенкови од бунтовниците во Сирија во 2013-та.

6.000.000
Бројот на сириски бегалци од војната, од популација од 22 милиони.

59
Новинари убиени низ светот во 2013-та.

22
Новинари убиени во Сирија.

57
Проценти од функционерите на Пентагон можат да го најдат Дамаск на мапа.

156
Американски и коалициски војници убиени во Авганистан. Околу 60% помалку отколку во 2012-та.

100
Бројот на Авганистански војници убиени во рок од една недела во битка во 2013-та.

80
Процентен раст на жртвите во битките во Авганистан во споредба со 2012-та.

1,7 илјади милијарди
Воената потрошувачка во светот во 2013-та, во долари.

40
Процентот на американскиот дел во оваа потрошувачка.

13.900
Приближниот број на воени летала што САД го поседувале на почетокот од 2013-та.

2.800
Приближниот број на воени летала што Русија и Кина го поседувале. Одделно.

29
Бројот на F-35 стелт ловци што Пентагон ги купил годинава по цена од 200 милиони долари од парче.

90
Бројот на F-35 стелт ловци што Пентагон сакал да ги купи годинава, според планот од 2008-ма - по тогашната цена од 100 милиони долари од парче.

28
Бројот на оперативни носачи на авиони распоредени низ светот.

19
Бројот на американски носачи на авиони од вкупната бројка.

1.084
Бројот на оперативни сателити во 2013.

461
Бројот на сателити кои се американски.

29
Бројот на американски сателити лансирани со една ракета на 20. ноември.

400
Приближниот број на вооружени дронови во 2013.

360
Бројот на вооружени дронови кои им припаѓаат на САД - останатите се поделени меѓу Израел и Британија.

28
Бројот на тајни напади на дронови во Јемен во 2013-та.

187
Проценетиот број на наводни терористи што дроновите ги убија во Јемен.

33
Проценетиот број на цивилни жртви од овие напади.

1
Тајни стелт американски дронови откриени од медиумите во 2013-та.

2
Бројот на комерцијални бродови киднапирани од сомалиските пирати во 2013-та. Во 2009-та бројката е 47.

 

24 декември 2013 - 12:33