
Проектот е именуван "Худини," и предвидува давање на корисниците кредит од 350 долари кога ќе се префрлат на Т-мобиле. Посебен нагласок е ставен на "семејства кои ќе префрлат до 5 линии без разлика на крајниот датум на договорот."
Претходно компанијата стана прва меѓу големите оператори што реши комплетно да ги укине договорите за претплата на две години.
Т-мобиле во САД е сериозен проблем за поголемите оператори (AT&T, Verizon) со тоа што нуди нечуени услови за корисниците, како опција за надградба на смартфонот пред завршување на договорот или бесплатен интернет во роаминг.