
За оние што ја следеле дебатата на радио Никсон е неспорен победник затоа што слушателите можеле подобро да ги анализираат аргументите врз основа на нивните вредности, а не на изгледот на кандидатите. Во бизнисот е исто.
Половина век подоцна економистот Даниел Хамермеш од Универзитетот во Тексас го создава зборот пулхрономија – економски студии на убавината. Тој во 90-те со своите колеги прави истражување според чии резултати поубавите заработувале 5% повеќе отколку оние кои биле помалку атрактивни.
Сега, Универзитетот од Висконсин прави слично истражување, кое покажува дека акциите на топ 500 компаниите имаат поголема вредност кога тие ќе именуваат нов ЦЕО кој е релативно атрактивен. Во основа за секој поен што новиот ЦЕО го имал на скалата за убавина, вредноста на акциите се зголемувала за 1%.
На тема убавина слични резултати имаат уште две студии. Првата покажала дека во парови на кои треба да им бидат дадени пари поубавиот секогаш добива поголема понуда. Во втората се покажало дека акциите на компаниите со поатрактивните ЦЕО-а имаат поголем раст при објавување на продажба или спојување со некоја компанија.
"Врската меѓу изгледот и финансискиот успех е непријатна затоа што го нарушува концептот за фер. Таа ја оспорува идејата дека со истрајност и напорна работа може да се надмине 'лошата рака.' Кога Хамермеш, е прашан дали постои некој друг фактор кој може да се натпреварува со убавината, тој одговара 'секоја дополнителна година образование преставува 10-процентен раст во потенцијалот за заработување.' Убавата насмевка и дефинираните јаболчници значат нешто, ама излегува дека образованието е поважно од сите нив," пишува Адам Алтер за Њујоркер.