Академијата е на Чен Јонгкуинг, а главни студенти се поранешни војници или тазе телохранители. Тренингот трае 28 дена, а најдобрите студенти по ова имаат шанса да продолжат во Меѓународната академија за безбедност во Израел.
Главни клиенти кои бараат обезбедување се локалните бизнисмени, компаниите кои работат во странство, посебно во конфликтните региони како Африка и во бродскиот превоз како заштита од пирати.
Ваквите школи беа забранети во Кина до 2010-та.
Дел од обуката опфаќа накиснување на студентите со вода сред зима. Фотографиите се од 1-ви декември годинава.
Инструкторот шутира еден од студентите затоа што сака да се откаже за време на тренинзите.
Студенти кои не се откажаа.
Колегите носат студентка која колабирала за време на тренинзите.
Студентите се држат еден со друг за да се згреат за време на паузата меѓу тренинзите.
Дел од вежбите за заштита на живи мети.
Посебно голема е побарувачката за женски телохранители бидејќи се помалку воочливи од мажите и можат да имаат улога на секретарка или дадилка.