Успехот на теренот е само еден од факторите кој влијае на цената на акциите на берзата, и најчесто тој не е ни најважен фактор. Манчестер годинава е катастрофален во првенството, ама за тоа на берза поставува финансиски рекорди.
Освен ова клубовите што се на берза се малцинство во однос на оние кои се приватна сопственост, кои се управувани од милијардери со многу мала грижа за финансиски успех. Моментално клубовите во најдобрите европски лиги само минатата година имале заедничка загуба од 1,5 милијарди долари.
Годинава на берзите најдобро стои Рома, кои годинава се уште немаат пораз во италијанската лига. Плусот на берзите се должи на гласините дека кинески милијардер сака да го купува клубот. На второ и трето место се Бенфика и Порто, кои и покрај тоа што се добри на берзата во 2013-та, нивната вредност во изминатите 3 години е падната за 50%.