Направени се два експерименти во кои луѓе требало да одберат поклон за некого и после истото било анализирано. Двата експерименти покажале дека колку повеќе луѓето се трудат, толку се поголеми шансите да ја упропастат работата.
"Претходна (и многу несентиментална) студија откри дека оние што подаруваат константно преценуваат колку луѓето што го примаат подарокот ќе го ценат времето, размислувањето и парите што се вложени во истиот," пишува Прајсекономикс.
Во сосема различна студија, голема група на луѓе приложувала (евтини) поклони на заеднички куп. Учесниците потоа извлекувале бројки и по тој редослед бирале од подароците во купот. Тие имале можност да го украдат подарокот што го избрал човекот пред нив. И покрај сите уникатни и забавни подароци кои ги имало во купот, најчесто "краден" подарок била стандардниот ваучер од Старбакс.
"Не е дека треба да купувате генерички подароци за вашите најблиски и за семејството. Ама оваа лекција вреди да ја имате на ум додека се потите да изберете перфектен подарок за дома во последната минута," порачуваат од Прајсекономикс.