Во петокот имало протести на неколку локации. На една од нив бил каменуван автобусот кој возел кон Маунтаин Вју. Во целата работа нема повредени.
Демонстрантите се дополнително револтирани и од постојаниот раст на цените киријата, предизвикани од се поголемата побарувачка на станови од вработените во техничката индустрија.
"Ви не сте невини жртви. Без вас цената на киријата нема да расте и ние нема да се соочуваме со бркање од становите. Вие, вашите работодавци, и шпекулантите со недвижнини се виновни за новата криза која е многу полоша од претходната. Вие живеете комотни животи, опкружени со сиромаштија, бездомници и смрт, комплетно несвесни за сe' околу вас, изгубени во парите и успехот. Разгледајте наоколу, го гледате ли насилството и деградацијата што се случува? Ова е светот што вие го создадовте и вие очигледно сте на погрешната страна," пишува во манифестот на демонстрантите.
Проблемот на Сан Франциско е што истовремено ја има една од највисоките концентрации на милијардери во светот, додека е и градот со најголемата популација на бездомници во САД.