Вложената сума во истражувањата и развојот е за 5 проценти поголема од претходната година и се толкува како наравоучение извлечено од последната економска криза од која најбргу се извадија оние држави кои нудат технологии од иднината.
И со оваа цифра Германија е само трета во европскиот простор. Повеќе од неа во оваа сфера вложуваат Шведска и Финска но затоа таа е многу понапред од Франција, Англија или Италија.
На глобалниот пазар рекордери во вложувања во памет се Јужна Кореја и Јапонија а и кинескиот удел во напредните технологии постојано расте.
Успехот на германските производи на светскиот пазар е резултат и на фактот дека тие не зависат само од сопствените одделенија за развој туку и од бројните институти и факултети кои се вмрежени во процесот. Паралелно со ова, и економијата му враќа на образованието, годинава со 13 милијарди евра, што е пораст за 3,8 проценти од претходната година.
Секторски, најмногу во развој вложува автомобилската индустрија а предничи гигантот Фолксваген.