Таг: развој

Моќта на „сè уште не“: зошто страстите не се откриваат, туку треба да се развиваат

Советот на разни „тренери за живот“, коељовски настроени автори и мотивирачки твитови е - откриј ја својата животна пасија, и следи ја. Или пасивно чекај самата да ти се открие. Многумина во таквото чекање го минуваат животот.

Не беше Платон толку голем, само прв се роди

На античка Грција ѝ се случува брилијантниот филозофски трилинг Платон, Аристотел, Сократ. Не е тоа последен пат вонсериски ликови да се најдат во исто време и на исто место: во предвоено Сараево се собираат мангупите од 'Топ листа надреалиста', малиот Сплит ги дава маестралните Фераловци...во Скопје се среќаваат Владо Јаневски и Роберт Саздов.

Капитални инвестиции во памет

Оваа година германските фирми инвестирале рекордна сума во истражување и развој. Цели 54 милијарди долари, веројатно како поука извлечена од последната финансиска криза.