Што можело да се купи со месечна плата во СССР

Сведоштвото е на Михаил Иосел кој по завршување факултет се вработува како инженер во Одделот за надзор и демагнетицзација на подморници во еден институт во Ленинград. Првата плата како почетник инженер му е 120 рубљи. Во периодот од 1979-та до 1981-ва, со овие пари тој можел да си го дозволи следното:

- 12 кутии кибрит (со 50 кибритчиња во кутија), 1.200 чаши газирана вода од улични продавачи, 12.000 стандардни моливи, 12.000 парчиња леб во кафетерија.

- 6.000 разговори од јавни говорници.

- 4.000 чаши газирана вода со сируп од улични продавачи, 4.000 чаши (0,25л) квас од уличен продавач, 4.000 примероци од советските весници (Правда, Известија, Ленинградска правда...), 4.000 возења со трамвај, 4.000 чаши чај (без шеќер) во кафетерија, 4.000 моливи со гумичка.

- 3.000 возења со тролејбус, 3.000 пирошки од уличен продавач.

- 2.400 возења со метро или автобус, 2.400 китки мирудија или магдонос од уличен продавач, 2.400 ѓевреци, 2.400 топчиња за пинг-понг, 2.400 пакетчиња бонбони од мента, 2.400 фишеци сончоглед.

- 2.000 големи кригли (0,5 литри) квас, 2.000 обични честитки, 2.000 плескавици во кафетерија, 2.000 малечки пакетчиња витамин Ц.

- 1.333 чашки млечен сладолед.

- 1.000 килограми моркови.

- 923 јајца, 923 векни бел леб.

- 875 кутии евтини цигари без филтер.

- 800 килограми лубеници (во сезона).

- 750 килограми брашно, 750 кутии млеко од 0,5 л (од оние триаголниците), 750 векни црн леб.

- 600 километри возење со такси.

- 430 шишиња Пепси од 0,33л, 430 парчиња увозен сапун.

- 170 пара ножици, 170 стандардни пенкала.

- 118 шишиња Каберне.

- 86 килограми портокали (ако успееш да најдеш).

- 73 шишиња сончогледово масло.

- 30 комплети дрвен шах.

- 28 тавчиња за пржење.

- 24 пегли.

- 17 дрвени столици.

- 7 обични кошули.

- 4 чифта советски чевли.

- 1,8 одела од советско производство.

- 0,17 телевизор во боја.

* Пресметката не е за сите овие работи заедно, туку само за производите во еден параграф.

26 декември 2013 - 16:45