Зошто Величе не стана голем фудбалер

Колку ти е поретко името толку ти се поретки шансите да успееш во живот, плус тоа генерално ќе има негативен психолошки ефект. Ова е резултат на истражување од 1948-ма. Од тогаш до денес, ништо не е сменето.

Изборот на име има влијае на изборот на професија, каде живееме, со кој ќе бидеме во брак, оценките што ги добиваме, акциите што би ги купиле и училиштата или работата на која би биле примени. Имињата одредуваат и дали би дале пари во случај на катастрофи.

Објаснувањето зад влијанието на името врз нашиот живот се базира на ефектот на имплицитен-егоизам, според кој ние генерално сме привлечени од работи и луѓе кои најмногу наликуваат на нас. Затоа што го вреднуваме и се идентификуваме со нашите лични имиња, логиката е дека преферираме работи што имаат нешто сродно со нив.

Наспроти ова стојат сосема легитимни истражувања во кои се тврди дека претходните резултати се должат на погрешна методологија и дека е логично честите имиња да ги има во голем број во секоја професија. Во примерот беше даден Ден, кој бил често име меѓу докторите.

Сепак, по сосема друга методологија во 2004-та, двајца истражувачи испраќаат 5.000 резимеа на огласи за работа објавени во весници во Чикаго и Бостон. Резимеата биле поделени на две групи - оние со бели имиња (Емили, Грег...) и со црни имиња (Лакиша или Џамал). Потоа овие биле поделени на уште две групи - високо квалитетни и ниско квалитетни. На секој оглас испраќале по 4 резимеа, по две од првата и од втората група на имиња ( едното со добри, едното со лоши кандидати).

Резултатот е - кандидатите со бело име добиле 50% повеќе понуди за работа отколку кандидатите со црнечко име.

Слични резултатите имаат и истражувачите од Шведска кои откриле дека имигрантите од словенско, азиско или африканско потекло, кои ги промениле своите презимиња во нешто по-шведско, заработувале повеќе отколку имигрантите кои останале на оригиналните имиња.

23 декември 2013 - 15:38