
„И додека тастатура стручњаците се тркаат кој ќе му подели поубав и погломазен епитет на Шенгун вечерва кој е генерациски талент, феноменален кошаркар, просто чудо: ја но јас пар збора би посветил на ова момче. Криминално потценет кошаркар. Феноменален шутер и уште подобар „транзитен“ играч. Лидер и кичма на овој тим.
Џеди Осман е момче кое вечерва ја одигра секоја секунда од финалето. Го прешпарта цел терен. Беше тука да залепи блокада. Да украде топка. Да истрчи контра. Да се постави за фаул во напад. Да уфрла тројки како на лент.
Без трунка его, не како некаков лидер-шериф, туку како неизоставен шраф во Атамановата (за малку златна) екипа.
Можеби Турција ја чинеше подиум тоа што во завршницата топката беше далеку од неговите раце кои во текот на целиот натпревар правеа магија“.