Дали во Средниот век функционирал Комуналец?

Сликата како мажи и жени истураат нокшири од прозор на сред улица е комплетно неточна, како и добар дел од другите идеи за она што се случувало во Средниот Век.

Во овој период луѓето не биле ништо помалку чувствителни на смрдеа или згрозени од измет, отколку денешните луѓе. Иако не им било јасно зошто, тие знаеле дека човечкиот измет шири болести (мислеле дека е некако поврзано со миризбата).

"Средновековните градови имаат доста закони и правила во однос на фрлањето ѓубре, септичките јами и тоалетите. Во тогашен Лондон секој сопственик на куќа бил одговорен за чистење и одржување на улицата пред нивните домови. Во спротивно нив ги чекале екстремно тешки казни. Според едно сведоштво гневна толпа нападнала маж кој на улица фрлал кожа од пушена риба. Во ваква околина тешко дека некој пред својот дом ќе истура кофи со измет," го пренесува Слејт одговорот на прашањето на Куора во врска со средновековната хигиена.

Тоалетите на големите (богатите) куќи функционирале нешто како Тоифор денес. Имало луѓе кои ги собирале фекалиите од тоалетите и ги фрлале во големи септички јами. Помалите куќи завршувале работа со кофи, кои секојдневно се чистеле во некој од блиските извори или реки.

За Лондон се знае дека имало и јавни тоалети кои ги одржувал градот.

25 декември 2013 - 20:50