Вести

Филантропија:

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Додека се расфрла со стотици милиони долари за политички кампањи (годинава веќе дал 275 за републикански кандидати), Илон Маск отворено ги презира филантропите. За нив тврди дека прават повеќе штета отколку полза за општеството. А, сепак, Маск ја има петтата најбогата добротворна фондација во САД. И ја користи за претурање пари и даночни олеснувања.

Израелски фирми шпионираат преку онлајн огласи

Бизнисот со онлајн рекламирање, освен што отвора сериозни прашања за нарушување на приватноста, може да послужи и како канал за големи шпионски кампањи. Израелската фирма за дигитално рекламирање помагала да бидат идентификувани и следени корисници кои посетувале одредени страници на интернет или користеле апликации со малициозни реклами.

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Брисел настојува „дигиталниот паричник“ да биде стандард за докажување на идентитет пред банките, иако Европската Унија го претстави како опционален за граѓаните на доброволна опција. Алтернативните проверки и понатаму би биле дозволени, но само како исклучок, кој банката би морала да го оправдува пред надзорен орган.

Речник

Европа, окупиран континент

Европските земји ги поткопуваат своите суштински економски и безбедносни интереси. Потчинетоста кон трансатлантските интереси може да се објасни единствено како вазализација. НАТО не функционира како одбранбена организација, туку како апарат за контрола, а ЕУ како политичко крило на овој империјалистички поредок, забележува Томас Фази во обраќање на форумот Исток-Запад во Истанбул.

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Зошто сакаме "гласна" храна?

Звукот на храната влијае врз нејзиниот вкус, вели нова студија. Она пак што нам и до сега ни беше јасно е дека едно е кога ти сам ја крцкаш, а друго е кога некој тоа ти го прави на уво.

Тајната технологија на Стујарт и Оливер

Најголемата заблуда околу Дејли Шоу, Ласт Вик Тунајт или кој и да може како по нарачка да извади клипови од архива, е претпоставката дека тие имаат цела легија ботови кои следат и паметат се што се случува на телевизија, па во секое време можат да го најдат потребниот исечок и потребните зборови што ти требаат за во сегментот. Нормално дека немаат.

Бог е, но не е тука и не е сега

За Македонија обновена со благословот на мирот и правдата ѝ требаме просветлени и покајани, било теисти или атеисти. Тој чин не може да го направи никој друг наместо нас.

Одете си, ГМО патриоти

Еве пролетта цути, што е природен закон, божји ред. Секаде па и во нашава грутка земја, засадена и посадена на тлото и во мислите и во надежите човечки. А, велат, божја работа да ти биле родните години, сушите, поплавите. Богатиот род како благослов, зијаните како казна.

Светот меѓу почва и земја

Заради интензитетот со кој се уништува почвата, на светот му остануваат уште 60 години земјоделие предупредува ФАО на Обединетите нации. Во меѓувреме најголемиот дел од новинарите проблемот го третираат како да не е вреден за споменување.

Рурална швајцарска архитектура

Том Мејн, архитект од Лос Анџелес, објави дека ќе ја гради највисоката кула во Европа. Локација, селото Валс во Швајцарија, со вкупна популација од 1.000 жители.

Како работи црна кутија?

"Ако црната кутија не може да биде оштетена, зошто цел авион не го прават од истиот материјал?" - Џорџ Карлин.

Фејсбук ќе го проголта интернетот

До сега Фејсбук беше голем дел од интернетот, со промените што ги најави Закерберг на Ф8 интернетот ќе стане дел од Фејсбук.

Банкарката што ја спаси руската економија

Рускиот црн вторник се случува на 16-ти декември, денот кога рубљата е во слободен пад и завршува на рекордно ниско ниво. Елвира Набиулина, гувернерката на централната банка, го следи падот на рубљата на својот таблет и решава дека овој пат ништо нема да направи: "Русија повеќе нема да се бори со пазарот."

Несоницата со јаве се избива

Нема да ви се верува кој е најлесниот начин да ја измамите несоницата и да заспиете кога не ве фаќа сон. Трикот е парадоксален меѓутоа со векови го знаат сите ученици и студенти кои се обидуваат да останат будни во првите часови кога се сабајле на школо.

Како дебелината стана болест (а слабеењето индустрија)

Пред 2000 години грчкиот лекар и филозоф Гален дијагностицира дека "лошите телесни течности" се причина за дебелината, а како лек за тоа препишува масажи, одење на бања и "храна за слабеење" како лисести растенија, лук и дивеч за претерано дебелите. Од тогаш до денес слабеењето е една од најуспешните индустрии, пред се благодарејќи на тоа дека ретко кога е успешно на долг рок.

Потеклото на грчките проблеми

Во дузина јасни слајдови, Бизнис инсајдер го покажува она што овде за Грција се знаеше отсекогаш, дека сите нејзини денешни проблеми можат да се лоцираат уште во 70-тите години на минатиот век.

Дали Спрингстин е доволно земјоделец?

Во песната Badlands, Босот пееше: "Working in the fields till you get your back burned." По неодамнешните даночни измени во Њу Џерси, Гардијан вика дека Спрингстин би можел да го смени стихот со "Owning the fields till you get your tax paid."

ФИФА како да ќе зажали за Мундијалот во Катар

Од 1930-та секое Светско првенство во фудбал се игра во јуни и јули (а во неколку исклучоци почнало и во мај). Неодамна ФИФА потврди дека Мундијалот во Катар во 2022-ра ќе се игра во зима. Финалето е на 18-ти декември.

Може мој Мишко....

По американските патишта секојдневно се тркалаат десетици милиони возила со сериозен дефект кој секој момент може да предизвика фатални последици. За огромен дел од нив, највиновни се токму оние што ги возат, бидејќи едноставно ги мрзи да отидат и бесплатно да го поправат дефектот. 

Посмртните денови на големиот европски експеримент

Европската Унија беше изградена врз руините на многу лоша историја, а со цел да изгради демократија и да го одржи мирот меѓу соседите. Меѓутоа нешто се изгуби и самата Унија сега е во смртна опасност.

Вести без рок на траење

Неодамнешната "вест" за смртта на еден нигеријски писател (две години откако тој почина) покажа дека времето го губи своето значење во одредувањето што е тоа вест. На социјалните медиуми, имено, сè се случува цело време.

Tактики за победување во дискусија

Кога ќе видиш како некои попусто се пенават, просто ти доаѓа да им помогнеш некако.

Хиерархија на луксуз

Не е важно колку пари заработуваш, важно е какви брендови носиш, објаснува првиот човек на ХСБЦ во Хонг Конг, Ерван Рамбург, кој во својата книга за луксузот во Кина ("The Bling Dynasty") воведува пирамида на луксуз кај брендовите.

Да се појадок или не?

Има доста здрава логиката зад идејата дека појадокот е најважниот оброк во денот, односно дека наутро е важно "да му ставиш гориво на моторот, за тој да може цел ден да работи" или која и да е аналогија што ви ја кажувале. Само што може и да не е така.

Никој не ги проверува реформите

ОЕЦД прави анализа во која пресметува дека нивните земји членки (вкупно 34) од 2008-ма до 2014-та имаат спроведено 450 образовни реформи. Од нив, само секоја десетта била анализирана за нивното влијание врз образованието на децата.

Сите брендови на Куќа од карти

Во трета сезона Клер обично шета со Ајфон, Реми Дентон е во Бјуик, Френк секогаш носи часовник на IWC. Вкупно, во годинешнава сезона од серијата се појавија 105 брендови.

Кешоберачите

Корпоративна Америка чува доволно пари во готовина во банки за да ги купи Далас Каубојс 437 пати без да позајми ниту пара. Далас Каубојс вреди 3,2 милијарди долари.

Учење по теми, а не по предмети

Без секирации, ова не е најава на уште една реформа на нашиот образовен систем, за којшто не можеме ни да претпоставиме кога би созреал за една ваква не бирократска, туку длабока концептуална промена. Без страв од рушење на својот актуелен висок образовен углед, оваа реформа ја спроведува - Финска.