По Втората светска војна Грција доживува "економско чудо."
Просекот на раст на БДП на Грција од 1950-та до 1973-та е 7% годишно. Заостанува само зад Јапонија.
Уште поголем раст има животниот стандард на Грците. Во 60-те и 70-те, БДП-то по глава на жител расте за 210% или во просек за 6,1% годишно.
Рапидно расте индустриското производство, како и грчкиот туризам и услужните дејности кои се на финансиска поддршка од САД преку Маршаловиот план.
Делумно, фондовите се создадени како противмерка за комунизмот. Како што колумнистот на Њу Репаблик, Ричард Стаут напиша во 1947-ма: "Стретезите на Стејт Департманот стигнаа до заклучокот што голем број 'визионери' го имаа веќе долго време, дека единствениот начин да се бориш со комунизмот е да и дадеш за Западна Европа полна чинија за вечера."
Меѓутоа, нафтениот шок од 1973-74. сè менува.
Остар раст во цената на нафтата го запира растот на грчката економија. Во 1974-та земјата страда од остра рецесија додека инфлацијата, која не била над 5% од средината на 50-те, одеднаш е над 25%. И во следните две децении останува на нивото од 10%.
Политиките на стабилизација на новоформираната Нова демократија на Константин Караманлис, која победува на првите демократски избори по падот на воената хунта, помага да се ублажи ударот од растот на цената на нафтата меѓутоа не успева да ја смири инфлацијата.
Вториот нафтен шок од 1979-1981 е смртниот удар за економијата и изборните шанси на Нова демократија. На изборите во 1981-ва паѓа Нова Демократија, и на власт доаѓа ПАСОК.
Кратко откако ПАСОК доаѓа на власт, соодносот меѓу долгот и БДП-то на земјата почнува да расте затоа што владата масовно позајмува за да ја финансира својата популистичка програма за државно трошење.
Потрошувачкиот бум главно е поттикнат од значителниот раст на пензиите и платите на јавните службеници (посебно на почетокот од 80-те) и се поголемиот број на вработувања во јавниот сектор финансирани со издавање на владин долг, кој банките треба да го купуваат од државата со негативни номинални каматни стапки. Политиките содејствуваат со падот на продуктивноста на работниците.
Иако ПАСОК повторно е избран во 1985-та, нивните политики за наградување на пријателите и симпатизерите им се "удираат од глава" за време на Коскотас скандалот. Познатиот грчко-американски бизнисмен Џорџ Коскотас, сопственикот на Банката на Крит, бега од земјата под обвинение за проневера на 230 милиони долари.
Коскотас тврдеше дека плаќа високи функционери во грчката влада - вклучително и премиерот Папандреу (обвинение кое подоцна беше отфрлено од Вишиот суд) - со што започнаа политички немири.
Како последица на скандалот, ПАСОК загуби од Нова Демократија на изборите во 1989-та а последователните краткотрајни коалициски влади се обидоа да ја воскреснат економијата со непопуларни "шок терапија" реформи.
Ништо од ова не успева...
Она што успеа е потпишувањето на Договорот од Мастрихт во февруари 1992-ра. Договорот бара од државите да се држат до своите граници за дефицит и задолженост со цел да учествуваат во Европската монетарна унија. За Грција ова значи рекорден раст во владините приходи.
Остриот раст во приходи со намалувањето на владиното позајмување помага ситуацијата да се стабилизира во годините пред финансиската криза...
... Ама не успева фундаментално да ја промени привлечноста на купување поддршка. Грчката влада го искористува намалувањето на сумите што ги исплаќа како камати, за да го зголеми трошењето на друга страна, наместо за да го на мали долгот.
Во меѓувреме, перцепцијата дека владата селективно фаворизира и дека одредени министерства стануваат коруптивни создаваат недоверба во системот. Ова се манифестира во избегнување даноци, што прераснува во ендемски проблем во грчкото општество.
Во оваа ситуација државата останува ранлива на изненадна промена на среќата - како што беше со глобалната финансиска криза.
Резултатот? Должничка криза.
Ова наследство останува главна главоболка за сегашната грчка влада која се обидува да ја поправи штетата од минатото а во исто време да им даде надеж за иднината на Грците.
виа Бизнис Инсајдер