пишува: Бранко Радовановиќ
Вака паметам дел од разговорот меѓу двајца постари пезионери на кејот кај пристаништето за бетонски гемии. И ми текна да ви кажам вам, господа, што нè возите на јанлаш погон. Белким на овие гемии ќе запловите токму вие, господа од власта, со помош на ветрот од вашите глави. Или да се забетонирате таму каде што сте? Е тоа не може. Не се заминува толку едноставно а постапката е сосема поинаква. Најнапред треба добро да размислите што сте му направиле на овој народ што го лажете дека гласал за вас. Зошто му го газите достоинството градено од дамнешни времиња па наваму. Ќе се потсетите ли дека го доведовте на работ на опстанокот, дека субвенциите му ги голтнавте со зголемување на давачките па остана и борчлија.
Затоа, откажете се од екстериторијална... ова,екстерна, математика оти има матуранти кои што ќе прашаат. На пример: како да се реши споредбената равенка со една, не толку непозната вистина за куповната моќ на пензиите пред и по 2006.Тие, средношколците ќе ги соберат милионите евра за реформи во судството па ќе ги поделат на сите ,,делители на правдата" колку кој потрошил и со истата операција за секој од делџиите ќе предвидат времетраење на претсојот во некој КПД. А судиите од вашето трло сами ќе го завршат процесот за колку-толку да ја ублажат традиционата субина на нашив народ: кадија те тужи, кадија те суди. Ако мислете дека алудирам на Зврлевски, делумно погодивте, бидејки сè уште не се знае колку и за кого сте му зврцнале. Им објаснивте ли на луѓето зошто во градскиот џиџимиџарник не го качивте Гоцета Делчев на велосипед наместо на коњ, па да се ,,гордееме" ние сегашниве, а идните генерации да ви ги споменуваат мајките, жените и сестрите во сексуално изопачена смисла на зборот. Бидејќи не сум таа докторката на која ѝ беше ,,монтирано" дека пцуе во духот на модерното бајатење на нашата историја,нема да бидам толку експлицитен, ама ве предупредувам: Народот што го онадите, ќе ви врати со иста мерка . Крајот ви се гледа. Овој народ добро знае какви басми продавате во и околу ГТЦ. Соземете се. Дотогаш со манирот на грчко-бугарските историчар обидете се да стасате до питекантропусот, да го ангажирате како ваш заштитен сведок и подалеку од Кежо. Море и од остатокот новинари што ве разголуваат до под кожа. Новинарите. Не вашите приврзоци што ви ја тераат кампањата:
Евтино (за џабалук) продавам татковина, на парче или топтан. Шифра: ,,патриот".
Мислев генетски модифицирани а ваму патриоти на парче, колку за 11.000 квадратчиња видливи и без употреба на комбе. како сакате, ама исто ви се фаќа. Народот допрва ќе ви враќа. Да не дојде време кога и самите себе си ќе се есапите за монтирани а веќе почнавте да се размонтирате. Во тоа, сесрдно ќе ве подржат вашите тазе купени душички (чадат), со нивниот ангажман мртвата именката интелектуалец да ја објаснат со функцијата келепурџија. Одете си! За да ги заштитите од вас самите: светоста на ВМРО, чесното членство и излажаниот народ . Да не ја забораваме идентификацијата на неокласицистичко-барокниот ѕид околу МНТ со слична внатрешната содржина на цицките на една позната пејачка од соседството. Ни од такви цицки млеко, ни од вакви како вас аир. Побарајте го папагалот на Верушевски. Тој, согласно антагонизмот со газдите од вицовите, сè ќе ви изрецитира.
Одете си! Пролетта цути.