Кулата е висока 380 метри и ќе има 80 спратови. Треба да има површина од 53.000 метри квадратни, во кои ќе бидат сместени 107 хотелски соби, плус ресторани, барови, библиотека, сала и слично. Кога ќе биде завршена во 2019-та, кулата ќе биде највисока во Европа.
Според нацртите кулата ќе биде изработена од стакло и горниот дел треба да изгледа "како да испарува во атмосферата."
"Всушност изгледа ова е носечка тема: маглива фасада која нема надворешна форма и бледо ќе ја отсјајува идиличната околина. Само јасно ни е дека ова нема да биде вака изведено бидејќи ниту еден објект не е доволно невидлив за да се губи во ништо," објаснува Алиса Вокер за Гизмодо.
На конкурсот се пријавуваат 8 компании, а во финале освен Морфозис архитекст на Том Мејн учествуваат и архитектот Стивен Хол и 6а Архитектс.
Клиент на проектот е компанијата 7132, чиј сопственик е Ремо Стофел, жител на Валс кој инаку во 2012-та го купува целиот ресорт од швајцарските власти. 7132 управува и со бањите Зумтор Терм Валс, кои се сметаат за едно од најважните дела на швајцарската архитектура.
Моментално во Валс јапонскиот архитект Тадао Андо дизајнира парк, Патеката Валсер, која треба да биде завршена во 2017-та.
БОНУС ИНФО:
Наши извори во Швајцарија кои живеат во близина на Валс и се запознати со случајот, ни го пишаа ова:
Toa e noviot direktor na Therme-Vals, hotelot. Izlgeda e malce naludnichav. Go imashe na vesti pred nekoj den. I plus neshto planira so helikotperi da se nosele gostite. Ustvari, misli i stanovi da se napravat, pa lugjeto od tamu so helikopter da idat na rabota ... Totalno lud.
Ama treba da se izglasa. Ushte ne e odobreno. A toj eden od seloto vika: Shto kje im e visoka zgrada koga od sekoe kjoshe ima ubav pogled? Ich ne e potrebno da se kachuvash gore za da vidish neshto poishe. Ni Shvajcarija ne e ona shto porano beshe ;)